Женски труп пронајден во Брегалница
Женски труп на средовечна жена, завчера бил пронајден во реката Брегалница на излезот од Штип. По увидот на надлежните, било констатирано дека станува збор за Трајанка Спасова (59) од Штип, која неколку часа претходно била пријавена за исчезната, соопшти МВР.
На телото на Спасова немало траги на насилство, велат од полицијата. (Г.А.) |