Рудар се затрул од гасови
Педесет и осумгодишниот Јован Ј. од селото Пишица, Пробиштипско, се затрул од гасови при согорување на јаглен во рудникот „Индоминерали и метали“ во Пробиштип. Рударот е на лекување во штипската болница, но е надвор од животна опасност. Според МВР, инцидентот се случил вчера по полноќ кога рударот, кој работел како пароложач во погон на флотација, во еден момент почувствувал здравствени проблеми. (Г.А.) |