Број 2923  петок, 27 февруари 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Хроника

Масерка уценувала клиент со фотографии

Полицијата поднесе кривична пријава против скопјаните М.К. (21) и Б.С.(45), затоа што на 67-годишник од Скопје му се заканувале дека на Интернет и во весниците ќе пуштат компромитирачки фотографии од него ако не им даде 5.000 евра.

Според МВР, М.К. била вработена како масерка во козметичкото студио „Зока” во населбата Маџари, каде што пред неколку недели се запознала со 67-годишникот, кој користел масажи во салонот. По кусо време, освен масажи, М.К. почнала да му дава и сексуални услуги, за што добивала до 3.000 денари. Но, при една средба во салонот „Зока“, девојката го наместила мобилниот телефон и без да знае клиентот, го снимала додека имала орален секс со него. Потоа, му се јавила на телефон и го уценувала да и' даде 5.000 евра. Се договориле да добие 1.000 евра, но 67-годишникот го пријавил случајот во полиција, која му дала обележани пари.

Биле договорени да се најдат во едно кафуле во градот. Масерката побарала помош од својот пријател Б.С. (45), кој со автомобил ја донел на договореното место. Клиентот ги предал парите, а за возврат ги добил фотографиите, но штом се разделиле, полицијата ги уапсила уценувачите.

Во МВР информираат дека Б.С. и порано бил познат по кражби. (Г.А.)


Статијата е прочитана 1334 пати.

Испрати коментар

Од: Игор
Датум: 26.02.2009 19:15:15
Нека масира во затвор.
Од: Maseri
Датум: 27.02.2009 01:05:44
Na Tv slusnav deka ucenuvaniot bil svesteno lice. Nema da me zacudi ako e nekoj od Sinodot na MPC ,kolku se" cesni i posteni " i " polni so verba "vo Boga.
Од: Pirin
Датум: 27.02.2009 02:31:01
nee se uste dokazano dali ona toa sama go pravela ili pak morala da go pravi pod prisila na svoite bosovi, zasto tuka se dvaica nezini bosovi, edniot decko od 45 godini a taa 21 a drugiot gazdata sigurno i on je upletkan tuka a devojcevo moze da bide samo zrtva vo belo robje kaj ovie dvaicata, policijata toa treba da go ispita i da dade izjava za mediumite a ne unapred brzanje kako kaj A1 so polno ime i prezime i fotos vo javnosta a sto devojceto ako e belo robje i moralo toa da go pravi .
Од: toso
Датум: 27.02.2009 08:22:09
Popot ne sme da ostane nekaznet. Kako primer e ako pravi vakvi dela? Dali i porano pravel nesto slichno? Dali trebase da prijavi deka e ucenuvan za da se doznae za negovite "angazmani"? Dali sepak se osudil na cinot (privava vo policija) poradi PARI, a zaboravil na sramot. Dali ova se sopagja so tao sto sekojdnevno go rabotel (propovedal)? Mnogu dilemi za eden obicen pop! Dilemite za ostanatite ucesnici ima koj da gi resi
Од: zabegan
Датум: 27.02.2009 09:04:08
e POPE i ti si bil za masirajne na tie godini.PA plus placal i po 3 iljadarki kolku bogati se be POPOVIVE.
Од: KIrca
Датум: 27.02.2009 10:32:32
Ех, попе бе попе :-) А вие затоа го сакате Хотел Изгрев, за масажи а? :-)
Од: Razmenka
Датум: 27.02.2009 11:41:43
ej do kaj stigna sveto i popot se frli na grevoi za ovoj nevernik 30-tina stapa na sred plostad gol da se kamsikuva da mu se odzemit cinot ami neli ne ucat ne lazi ne kradi ne izneveruvaj a toj preku site tie deset pravila gazit a jas idi po crkvi ne ko luda baknuvaj mu raka na popot za zdravje -rezil air ne ke vidit da mu se isusit rakata koga ke vlezit v crkva.
Од: Pastir
Датум: 27.02.2009 11:56:55
Oficijalnoto objasnuvanje na Vladikata za ovoj slucaj ke bide deka popot najverojatno samo go spasuval kutroto devojceto od kandzite na prostitucijata i pritoa bil namesten od nekoj kriminalci. Ako voopsto i dade objasnuvanje.

Најди! во Утрински
Хроника
Заврши судскиот процес на Андријана Будимир и Лилјана Петровиќ
Разрешен судијата Зафиров поради „случајот Ореше“
Продолжи повтореното судење за аферата „Aрмиско оружје“
Ја претепал сопругата со која се разведувал
Женски труп пронајден во Брегалница
Рудар се затрул од гасови