Број 3078  петок, 04 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Писма

Суртучка разисторија

Тодор Атанасовски-Јане, еден од учесниците во стројот на Првата македонска дивизија

Зборот разисторија не е мој, меѓутоа е соодветен на она што сакам да го кажам во ова мое навраќање кон блиското минато, а врзано е за односот на ововремените владејачки формации кон најрезултатниот дел од историјата на македонскиот народ. Деновиве младиот господин пратеник Илија Димовски наместо да си ја гледа работата за која е избран и платен, се нафати нам, на граѓаните, да ни продава рог за свеќа „Големината на АСНОМ и нашите грешки“. Тикви варени, всушност, се впуштил да го разнебити и АСНОМ. Само ти знаеш зошто! Ако тоа време е грешно, тогаш тоа е наша грешност, на генерациите од тоа време, а не ваша. Којзнае кое време е безгрешно и зошто Вие, наш пратенику, лиете крокодилски солзи над обесправеноста на луѓето и на човекот во тоа време при живи луѓе. Зошто зборувате во нивно име. Патем, зошто го критизирате она што не го признавате? Вие во овој момент правите две кардинални грешки - го фиросувате АСНОМ и тоа го правите со злоупотреба на македонскиот јазик, кој е една од придобивките од грешното поасномско време. А, зошто тоа го правите. Сега за настанот што ме поттикна за ова и кој го доживеав како „суртучка разисторија“.

На 25 август се навршија 65 години од формирањето на Првата дивизија на Народноослободителната војска (НОВ) на Македонија. Тоа е 23. ден од илинденското обнародување на Македонија како држава, се' уште во екот на Втората светска војна и големата борба против фашизмот во која се вклучија не само демократските држави, туку и сите прогресивни луѓе. Воините од тоа време, од Неготино и од Кавадарци, се' уште се живи иако, под товарот на своите години, сторија гајрет и поттикнаа иницијатива, кога не го прави тоа државата, да се одбележи денот на оваа прославена македонска дивизија. Сосема чесно и патриотски. Се' уште живите борци и овој пат ги предводеа Бранко Малиминов и Наце (Атанас) Златев-Ѓорче. Тие ги посетиле градоначалниците, им предложиле да се одбележи денот. "Кажете што ви треба", ги прашале тие. Значи, "ним не им треба", мислам на ововремените владејачки формации. Тие се зафатени со правење своја историја, а како "случајно" некој неранимајко им го откажува она што им било ветено. Ние веќе не еднаш доживуваме бришење на делот од историјата на народот на Македонија од времето кога тој застана заедно со сите на вистинската страна во Втората светска војна и во борбата против фашизмот. Овој пат доживеавме и директно саботирање на чесните воини и на граѓаните што ја почитуваат својата историја, да се потсетат на херојските времиња. Историјата не ни припаѓа само нам, на воините од тоа време. Му припаѓа на народот на Македонија. Не знам чиј е и каков е тој интерес, но сигурен сум дека тоа е антимакедонски. Очигледно, некој функционира во зоната на тој немакедонски, туѓински интерес. Алал ви вера градоначалници!

Сега ќе си земам слобода на граѓаните на Македонија да им го претставам овој дел од нашата блиска - не моја, туку историја на македонскиот народ.

- Со формирањето на првата во Македонија, а 41. во југословенскиот нумерички систем, воена организација на НОВ и ПО, Македонија се воздигна на највисоко ниво од нашата воена историја. Со тоа и вооружената борба се воздигна на највисоко ниво во воено-водствена смисла.

- Формирањето се случи само 23 дена по денот кога беше обнародена македонската држава - по Илинден 1944 година, кога асномска Македонија како држава одлучи да ја продолжи војната до дефинитивната победа над фашизмот. Тоа е вистинска државничка одлука со која треба да се гордее не само секој Македонец, туку и секој граѓанин на оваа земја, зашто тој ден, можеби не де јуре, меѓутоа, де факто стана членка на големата антифашистичка коалиција, а народот стана дел од големиот антифашистички фронт.

- По АСНОМ, јас и моите соборци не бевме веќе шумкари, герилци, партизани - туку воини што зад себе имаат сопствена држава.

- Од тој момент, па до ден-денес ниту балканската констелација и политичка карта не е веќе таква каква што беше пред да се обнароди асномската држава. И денес, без неа - без АСНОМ, (наша) Македонија ќе биде таа што би можела да го запали светот. Тоа само ние не го знаеме, а го знаат сите други - релевантни во ововремениот свет.

Не ќе знаеме доволно кој дел од нашата историја го пустошиме ако не дадам неколку информации за ситуацијата, особено воената, во време на формирањето на Првата дивизија на Народноослободителната војска на Македонија.

Источниот фронт, особено Вториот украински фронт веќе ја исфрли од строј фашистичка Романија и напредуваше со сета силина кон Бугарија. Бугарија се нишаше, но се' уште му беше верна на Хитлеровиот Трет рајх. Дури на 8 септември, кога трупите на Вториот украински фронт пристигнаа до нејзините граници, му објавија војна на Рајхот. Хитлеровата врховна команда се најде во расчекор - со падот на Романија, а потоа и на Бугарија се создаде голем бришан простор и се загрози извлекувањето на големата стратегиска групација кодирана како група армии - Егеј ГАЕ - под команда на фелдмаршалот Александер Лер - 350.000-400.000 војници.

Одеднаш НОВ на Југославија, особено НОВ на Македонија изби по значење на самиот врв на стратегиската ситуација на европското војувалиште. Еве зошто:

а) Врховната команда на СССР беше заинтересирана оваа групација на Вермахтот да не се извлече или да се забави нејзиното извлекување, на што инсистираше и сојузничката команда на британскиот генерал Александер.

б) Хитлеровата команда инсистираше што побрзо да се повлечат силите на ГАЕ, за што беше значајна секоја минута.

в) Силите на ГАЕ мораа да се извлекуваат низ Македонија (Вардарско), зашто најкапацитетните проодни комуникации југ-север минуваа низ Македонија.

Бугарија и нејзината војска (царско-фашистичка) не само што ги одби сите, и наши и сојузнички апели да се вклучи во НОВ и заеднички да се бориме, туку упорно продолжуваше да се бори против македонската војска. НОВ на Македонија беше принудена да се бори и против германските групи во извлекувањето и против окупаторските трупи на фашистичка Бугарија.

Ете, зошто штотуку создадената македонска држава и нејзината млада, скромно вооружена, но јуначка војска уште во екот на Втората светска војна во еден момент се најде во самиот врв и центар на стратегиската ситуација на европското војувалиште. Кој разумен во Македонија и Македонец не сака да знае за ваквото минато на овој народ и оваа држава, која сама се нареди во стројот на победниците, а кажете ми, почитувани читатели, каков е тој интерес да се саботира одбележувањето и историското паметење. Зошто светот да не го потсетиме кои сме, каков е и колкав е нашиот (не мојот и твојот) придонес? На чесните Македонци тоа не им е својство - тоа е суртучки однос спрема историјата на сопствениот народ.

 


#
Статијата е прочитана 646 пати.

Испрати коментар

Од: Marx
Датум: 04.09.2009 04:00:28
Samo toatlen ludak moze da go omalovazuva ASNOM, jas stavrno neznam kako da mi se objasnio na lugeto deka partizanite ja sozdadoa Makedonija kako drava.
Од: mitko za povtorenite raboti
Датум: 04.09.2009 04:36:39
Toa sto eden srednoskolski strucnjak od VMRO go unakazuva ASNOM za mene e sosema razbirliva rabota i nema da se zastane na toa. Ama malku da razmislime zosto rabotite se takvi i koj e kriv? Nas pedesetina godini ne ucat na falsifikuvanata istorija deka VMRO od pocetokot na svoeto postoenje e makedonska patriotska organizacija. Vrz osnova na ovaa laga i toj sto ve vrega e dojden na vlast. VMRO e klasicna konjusarska organizacija na Bugarija, toa e i napisano vo nejziniot ustav. Zosto ovoj Ustav ne se uci na uciliste ili duri ne se otpecati? Postarite VMRO-vci ne bile nepismeni kako segasnite i tie imaat napisano eden kup knigi i pamfleti i pisma vo koi jasno se gleda deka tie se deklariraat kako Bugari i se borat za bugarskata kauza. Zosto site ovie dokumenti nikogas ne bile objaveni? Zarem za ova ne e kriva i poranesnata vlast? I glavnoto prasanje cim ova falsifikuvanje na istorija ima takov negativen efekt kako mislite deka ke se odrazi vrz nasata istorija ovaa divjacka helenizacija?
Од: kole
Датум: 04.09.2009 07:28:45
Todore,prosti im na Ilija i negovata bratija.... deca se i ne znaat sto pravat... gledas vo sekoj pogled ja urnisaa Makedonija...
Од: Современик
Датум: 04.09.2009 08:01:53
Браво Генерале. Македонските комунисти и патриоти беа единствените кои правилно ја сватија националната стратегија (по државноста и идентитетот на Македонија и Македонецот) и народт го доведоа да има своја држава. Да има свој јазик, своја црква (комунистите ја издејствуваа автокефалноста и формирањето), свои училишта, МАНУ, факултети. А ВМРО за време на војната (1941-1945) барајте го во соработката со бугарскиот цар Борис III, со Б. Филоф, генерал Бојдев, Апостолов (убицата на ваташките деца), Црнушанов, Антон Козаров, началниците на полицијата, Чкатрови, Ѓузелови, Китинчеви, Куртеви, В. Михајлов и сл. на ним.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 04.09.2009 09:06:00
Со сета почит кон АСНОМ и придобивките од него,но имате повоени катастрофални потези пред кој треба да се засрамите.Како прво конфискацијата и национализацијата извршено врз оние кој на чесен начин го стекнале имотот а во име на борбата против буржоазијата.Како второ индустриализацијата на селото со штого уништивте селанецот во име на борбата против кулаците.Качувањето на Водно во куќите на поимотните на видни дејци е посебна приказна.кој ви дава за право да вие коментирате а другите не,последиците уште се видливи.
Од: Donald Duck
Датум: 04.09.2009 10:18:55
Jano e zosto im smetate na vmrOVCITE, toj sto ne e sposoben da izgradi nesto, frustraciite si gi lechi so urivanje ili omalovazuvanje na tugjite uspesi. Sto ocekuvate drugo od razulavenata, polupismena portokalova orda? Negiranjeto na faktot deka od ASNOM poteknova PRVATA SAMOSTOJNA MAKEDONSKA DRZAVA VO ISTORIJATA - e idiotizam....opasen idiotizam
Од: kaktus
Датум: 04.09.2009 10:36:16
Кои се тие што не сакаат да ја сфатат историјата фактографски прикажана во оваа статија? Се знае: Следбениците на Ванчо Михајлов-вмороните, кои систематски работат на неговата идеја -Б`лгаризација на македонскиот народ. Прашање за 1000 денари. Оти Владарот се откажа од жалба против одлуката на Стразбур за регистрација на Ратко!
Од: ЦК СКВМРО®
Датум: 04.09.2009 10:57:26
@mitko za povtorenite raboti -Секоја чест Митко! Историјата е Најмалку работа на Полуписмени Средношколци! Погледнете во првото име на BMRO, во првиот Статут на БРК, кој потоа по налог на „Институтот за Македонија“ (Б`лгарска загрижена организација - која се возобнови во „демократијата“) од Софија се преименува во Македонски (МРК)! Како и при Референдумот за „независност“ намерно се изоставува вториот дел, „За независна Македонија“ (од Отоманската Империја), а тоа е: Со Цел да може полесно да се с`едини к`м Мајка Б`лгарија!!! Сите овие документи се Објавени и достапни се на интернет страниците од нивната „мајка“!! Сето Ова е запишано и во „Историјата на Македонскиот народ“ во издание на МАНУ од шеесетите години! Само... Кој да ја прочита?
Од: Oskar
Датум: 04.09.2009 11:38:47
Mnogu zalam, sto za ovoj najznacaen period, od Makedonskata istorija, koga za prev pat e sozdadena samostojna Drzava Republika Makedonija i Makedonski jazik, ostanaa so pocit da zboruvaat i da ja spomnuvaat samo ucesnicite na NOV i PO. Se prasuvam kade zaminaa site onie koi do ”vcera” freneticno zboruvaa za toj period sega gi nema nigde ili uste poloso go ignoriraat ili go napagaat. Znam deka se tuka, no se pokazaa licemerni seedno dali prema toj ili ovoj rezim. Najzalno e sto imame i nadri istoricari koi nemaat muda da ja kazat vistinata koj ja stvori ovaa segasna Drzava so koja segasnive Patrioti taka zvucno besramno se falat. Vo ovoj napliv na izgradba na spomenici ne samo sto ne se najde mesto za zasluznite borci od NOV i PO, tuku se unistija i onie koj postoeva. Ne li e sramno da nema drzaven ili gradski spomenik za najzasluzniot covek za obnovo na g. Skopje po zemjotresot, Josip Broz TITO.
Од: jovan
Датум: 04.09.2009 13:33:09
Vecna slava i golema blagodarnost do vecnite heroi, partizanite, borcite za Makedonska drzava. Site denesni fasisoidni zatskrieni anti-Makedonski organizacii popusto se obiduvaat da go urnat ugledot na anti-fasistickoto dvizenje vo Makedonija no i vo svetot. Toa nema da im uspee, privremeno i prividno mozebi "uspevaat" no definitivniot kraj im se blizi. Ke diveat uste pozestoko, no neka ne zaboravaat deka "partizani" ima i denes, nema da im se dozvoli ni ovoj pat "Stalingrad da go zemat" (Tamu padnaa fasistite za vreme na vtorata svetska vojna, tamu ke im ostane i vecnata grobnica, dzabe se povampiruvaat).

Најди! во Утрински
Писма