Казни до 500 евра за пушење во затворено
Казни од 50 до 500 евра за сите што пушат цигари во затворени јавни места, подготвува министерството за здравство на Грција. Властите се одлучни до крај да се изборат со оваа штетна навика на Грците. Мерките беа објавени од министерот за здравство, Марилиза Ксенојанакопулу. Од 1 септември грчката влада соопшти дека воведува целосна забрана за пушење на јавни места во земјата. Сите што ќе се осмелат да запалат цигара во ресторан, кафуле или бар, ќе платат казни што ќе почнуваат од 50 до 500 евра. Висината на казната ќе зависи од тоа колку пати граѓанинот претходно го прекршил законот. Забраната ќе важи и за продавниците, со таа разлика што за нив казната е „посолена“. Сопственик на дуќан што ќе му одобри на својот клиент да пуши во затворена просторија ќе плати казна од 500 евра. Санкцијата може да достигне и до 10.000 евра. (МИА) |