Број 3323  сабота, 03 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Економија

Грција доби две милијарди евра од ЕИБ

Атина - Грција ќе добие заем во износ од две милијарди евра од Европската инвестициска банка за реализација на оперативните проекти по линијата на Националната стратегиска рамка за развој. Заемот ќе биде со рок на враќање од 25 години, а каматата ќе биде меѓу два и четири проценти. Грција годинава обезбеди заеми во вредност од три милијарди евра. Министерот Јоргос Папаконстантину ја поздрави спогодбата со ЕИБ за заемот од две милијарди евра, подвлекувајќи дека тоа е знак за довербата кон грчката економија и кон Владата поради нејзините напори за излегување од кризата. Ова е најголемиот заем добиен некогаш од ЕИБ. Голем дел од средствата ќе отидат за финансирање на железничката мрежа, како и за обновливите енергетски извори и за регионални инвестиции. (МИА)


#
Статијата е прочитана 262 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Економија
Гошев
Грчката криза го паѓа и нашиот рејтинг
Државата ќе ќари 41 млн. евра од „Телеком“
Скопје меѓу најевтините градови во светот
Во ЕУ се' подоцна во пензија
Казни до 500 евра за пушење во затворено