Број 3323  сабота, 03 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Економија

Во ЕУ се' подоцна во пензија

Европската комисија препорача продолжување на работниот стаж, како дел од решението за проблемот со се' повозрасното население и невработеноста, што ја потресе цела Европа. Сметајќи дека животниот век на Европејците до 2060 година ќе се продолжи за седум години, од Брисел се наметнува ставот дека работниот век, исто така, треба да биде продолжен за четири години и осум месеци. Тоа, на пример, во Германија би значело поместување на старосната граница за заминување во пензија од 65 на 70 години. Подолгиот работен стаж е и една од официјалните цели на економијата и социјалната стратегија на Европската унија до 2020 година. „Најмалку 75 отсто од населението во ЕУ на возраст меѓу 18 и 64 години би требало да бидат вработени“, изјави претседателот на ЕК, Жозе Мануел Барозо. Просечен граѓанин на ЕУ во пензија заминува кога ќе наполни 60 години, а тоа е значително порано отколку во многу земји во светот. (МИА)


#
Статијата е прочитана 557 пати.

Испрати коментар

Од: Ana
Датум: 03.07.2010 10:21:33
Najdobro da ne mu sleduva penzija na nikogo spored kazuvanjata naEU.Koj moze da raboti bre do 65 ili 70 godini ako vo Germanija i vo drugite drzavi moze kaj nas ne se moze totalno osiromaseni vo sekoj pogled pa uste i pravo na penzija da ne sleduva.Se se pravi samo da ne se dobie penzija.
Од: јас
Датум: 03.07.2010 13:03:02
Таман , кај нас ако ова се спроведе , на пр. во пензија со 70 години , ГОЛЕМ ДЕЛ од луѓето НЕМА НИ ДА ДОЧЕКААТ ПЕНЗИЈА !!!!
Од: vale
Датум: 03.07.2010 13:50:13
ako moze granicata za penzija da ja pomestat da se odi vo penzija na 90 god. pa i nasite vlasti da go prifatat toa.
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 04.07.2010 08:44:36
Во европа со долговечни луге се оди на околу 60 години старост.А сакаат да ја наголемат.Кај нас се оди со 64 години.А смртноста се зголемува.Кој ќе дочека за да ја користи пензијата и тоа онаква мизерна?

Најди! во Утрински
Економија
Гошев
Грчката криза го паѓа и нашиот рејтинг
Државата ќе ќари 41 млн. евра од „Телеком“
Скопје меѓу најевтините градови во светот
Грција доби две милијарди евра од ЕИБ
Казни до 500 евра за пушење во затворено