Број 3037  четврток, 16 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
На прво место

Поттик за другите реформи

Фуере и Јанкуловска заедно го гледаа директниот пренос од Европската комисија

Тамара Грнчароска

Во наполна тишина, во просториите на ЕУ-инфоцентарот, евроамбасадорот Ерван Фуере и министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, вчера, во присуство на медиумите го проследија директниот пренос на прес-конференцијата од седиштето на Европската комисија во Брисел за укинување на визниот режим кон Македонија, Србија и Црна Гора. Тишината ја прекина аплаузот од присутните кога од Брисел беше препорачано визите за македонските граѓани да се укинат од 1 јануари 2010 година.

Фуере по завршувањето на прес-конференцијата во Брисел, откако ја безуспешно ја чекаше Јанкуловска дваесетина минути, на која и' беше поважно да даде изјава за телевизија А1 отколку да го дочека крајот на преносот од Брисел и да со шефот на мисијата на ЕК во земјава да даде заедничка изјава, рече дека „многу често Европа се гледа себеси на крстопат, но сега ЕУ го избра вистинскиот пат, кој ќе гарантира поголема интеграција и чуство на припадност меѓу сите граѓани на континентот“. Напоменувајќи дека одлуката за визната либерализација, освен што е признание за големите напори што ги вложија македонските власти, тој рече дека тоа е и „важна порака до Владата и им демонстрира дека ако ги насочат своите мисли кон исполнување на сите останати реформи - условите, тогаш Комисијата ќе биде во позиција да препорача датум за старт на преговорите“. „Секој ден се брои“, рече Фуере, додавајќи дека она на што се надева сега ЕУ е оти суштината на пораката која ја беше испратена вчера ќе биде препознаена како важна од страна на Владата во наредните недели.

На прашањето за техничката примена на либерализацијата од страна на Грција, Фуере рече дека таа е дел од ше��ген-зоната. „Не се сомневам дека одлуката ќе се применува во сите земји од шенген-зоната, што ја вклучува и Грција“, изјави Фуере.

Јанкуловска, која дојде при крајот од изјавата на Фуере, за препораката рече дека значи оти ние имаме чисто досие и дека претставува заслуга за сработеното. Таа притоа нагласи дека прашањата од европската агенда се врвен приоритет за Владата. „Денешната препорака е само еден сегмент на патот кон нашата целосна европска интеграција“, рече Јанкуловска, додавајќи дека сега „уште повеќе сме мотивирани реформите да ги завршиме колку што е можно побрзо“.

Јанкуловска нагласи дека една четвртина од целокупната популација во Македонија поседува биометриски пасош, што е 65 проценти од оние што воопшто поседуваат пасош.


Статијата е прочитана 413 пати.

Испрати коментар

Од: menemk
Датум: 16.07.2009 10:21:28
Следна најуспешна реформа во македонија од страна на оваа гарнитура би била истатаколективно да замине од политичката сцена.Така ке ја паметиме по успешната визна либерализација.Тепањето по странски вложувања.Просто да не знаеш на кои странски инвеститор да му доделиш концесија.Со убавото панорамско возење на двокатните автобуси.Полна црква грагани на плоштадот и молитва од бурманли џамијата.Пентарење по копитата на Букефал за да се допре подковицта за срека (незнам дали предвиделе лиф) и редд други убави нешта.Затоа одете си Ви благодариме на успехот.

Најди! во Утрински
На прво место
За Србија одлуката е како падот на Бастилја
Награда за граѓаните на Македонија
Во Грција ќе се оди со патен лист?
Визите укинати, отворени нови хоризонти