Српските власти со огромно задоволство ја примија веста за препораката за визна либерализација, меѓутоа се свесни дека ќе мора уште напорно да работат за исполнување на зададените критериуми.
„Падна визниот мрак за граѓаните на Србија, но нема простор за олабавување“, изјави потпретседателот на Владата за евроинтеграции, Божидар Ѓелиќ. Тој го спореди падот на визниот мрак за Србија со падот на Бастилја на 14 јули 1789 година, но потенцираше дека мора да се продолжи со реформите за да се обезбеди стабилност и безбедност на државата за осигурување место на белата шенгенска листа и, конечно, влез во ЕУ.
Српскиот министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, додаде дека Србија во претстојниот период мора да покаже дека е подготвена да продолжи да ги спроведува реформите за борбата против организираниот криминал и корупција, контрола на државните граници и административните линии, што бара соработка со ЕУЛЕКС и УНМИК.
Европската комисија ќе испрати нов документ до Србија во кој ќе бидат посочени заостанатите елементи на кои мора да се поработи за понатамошниот напредок на Србија. Документот за кој проговори и Ѓелиќ ќе се осврне на примената на законот за странци, усвојување национална стратегија за управување со миграции, акционен план за имплементација на стратегијата за борба против организираниот криминал, перење пари и финансирање на тероризмот.
Комесарот што ја пренесе веста за предлогот за визна либерализација на државите од Западен Балкан, Жак Баро, укажа дека најголемиот проблем на Србија е управување со административната граница со Косово и соработката со ЕУЛЕКС. Тој најави дека Комисијата ќе продолжи да праќа свои мисии во државата со цел да се провери дали се исполнуваат преостанатите зададени услови. (М.П.)
i pak srbite se izgagaa na nasiot trud... do koga vaka drugi ke se slepaat so nas.. a srbite so potsmev ne gledaat so vekovi. ee makedonce makedonce so kogo si nasol oro da igras
Од: intelekt
Датум: 16.07.2009 09:09:45
opasni se srbive!nie se utepavme od rabota a tie vaka-taka ete ti gi..i oni dobile vizna liberalizacija..ne e pravedno!
Од: zoran
Датум: 16.07.2009 09:38:17
Ti ,teo prvo treba da porabotis malku na svoite kompleksi a sekako da se ogranicis od vakvi komentari.Nekoj popameten od tebe treba da kaze da li koj so kogo se slepal i koj so kogo ke se slepa .
Од: Jole
Датум: 16.07.2009 10:44:51
Ne e pravedno , nema pravda , nie trebashe da ja dobieme viznata liberalizacija ushte so kandidatskiot status, a ne sega vo paket so Srbuja i Crna Gora , uspehot e za ponizhuvanje , koga nie dobivme kandidatski status Crna Gora ne beshe ni formirana kako drzhava , a sega e vo paket so nas , Izgubivme samo 17 godini vo prazno
NEMA PRAVDA , a se prashuvam i dali nekogash postoela pravda vo golemoto cinichno semejstvo narecheno EU
Од: Zak
Датум: 16.07.2009 10:48:38
Sudbinata ni e takva. Postojano nesto da rabotime, a drugi da koristat. Sepak mislam deka ovoj pat morase da bide vaka bidejki Grcija verojatno povtorno ja ucenuvase EU. Nema da se sprotivstavi na liberalizacijata za Makedonija ako i se dozvoli i na Srbija. Ako e za uteha (ama ne e, neli?) imase i beter od Srbija na primer Romanija i Bugarija samo sto od prva im uspea da bidat clenki na EU. Smesna e Evropa ama ne se moze nisto drugo.
Од: mila
Датум: 16.07.2009 11:39:27
А што сработиле НИШТОООООООО... Ние да бевме на нивно место ќе ни се смееа и никад немаа да ни дадат визна либерализација...