Број 3037  четврток, 16 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
На прво место

Во Грција ќе се оди со патен лист?

Грција се' уште нема официјална одлука за тоа како ќе го регулира евидентирањето на престојот на Македонците во Грција. Нашиот јужен сосед, кој секојдневно го посетуваат голем број македонски државјани, поради проблемот со името не ги признава македонските пасоши и затоа грчките визи се издаваат на посебен лист наместо директно во пасош. Тоа се случува и со студентските дозволи за престој за македонските студенти во Грција.

Една од претпоставките е дека доколку до крајот на годинава не се реши спорот со името, ќе се изготват патни листови што ќе се издаваат на граничните премини или во Канцеларијата за врски во Скопје, на кои ќе се евидентира датумот за престој во Грција.

Стефанос Спиру, портпарол на грчката Канцеларија за врски во Скопје, изјави дека немаат добиено официјални и конкретни инструкции како ќе се постапува доколку во Македонија стапи во сила безвизниот режим. Спиру образложи дека Грција ќе ја почека конечната одлука на Советот на министрите пред официјално да одлучи околу техничките детали за спроведување на визната либерализација.

Прашањето беше поставено и до комесарот за проширување, Оли Рен, на вчерашната конференција за печат по повод давањето препорака за визна либерализација. Рен потенцира дека сите држави-членки на ЕУ ја поддржуваат визната либерализација. (М.П.)


Статијата е прочитана 2313 пати.

Испрати коментар

Од: Грците се далеку од Европа
Датум: 16.07.2009 07:12:57
Не се сомневам дека грците пак ќе изнајдат некој начин за да се изживуваат и да не малтретираат на границата. Тие се однесуваат како да не се во Европа и не го почитуваат ни тоа што ќе го договорат.
Од: patriot
Датум: 16.07.2009 09:39:29
Nema potreba povece od razgovori. Nie napravivme golemi cekori so menuvanje na znameto i na ustavot, koj dobar cekor go napravia grcistata ?????? Zosto Nimitz, Solana... ne baraat od niv cekor kako na primer oni da go menat imeto na provincijata bidejci po e lesno da se meni na edna provincija otkolku na edna drzava koja vece e priznata kako "REPUBLIKA MAKEDONIJA" od nad 120 drzavi medu koj i naj golemite ( AMERIKA, RUSIJA, KINA, INDIJA..... ). Pa na posledno, problemot so imeto go imaat samo grcistata, nie ne : neka si go resavaat sami problemot i neka si baraat kum. Mozam ako sakaat jas da mu bidam kum bez pari i da mu predlozam ime za nivniot del koe nie ke go prifatime bez problemi : "MAKEDONIJA 1913", "JUZNA MAKEDONIJA", "ZAROBENA MAKEDONIJA", "MAKEDONIJA - ATINA". Razbudi se narode Makedonski i ne si igraj ruski pistol so imeto. Nikoj vo svetot ne prifatil kumovi za menuvanje na imeto, i sekoj narod ima pravo da resi kako ke se vika !!!!! Toa ime ni e nasledno vece nad 2500 god.
Од: Zak
Датум: 16.07.2009 10:37:08
Se sekavate na vremeto koga bevme SFRJ? Koga odevme vo Grcija ni delea kartoncinja na koi trebase da vneseme podatoci i sekako da se napiseme deka sme "Jugoslavo". Koga ke im bese kjef ne zapiraa po 2-3 casa so objasnuvanje deka im se potrosile kartoncinjata. Izgleda istoto ke bide, pak se vrakame na staro. Se tece, se se menuva samo Grcija ostana najobicen kjumez. Zamisli da se reselo imeto. Neka go resat imeto so toj sto od nasa strana voopsto prifati da razgovara za toa kako da se imenuvame. Kolku mene mi e poznato nikoj i nikade za svojata drzava ne prasuval kako da se vika.

Најди! во Утрински
На прво место
За Србија одлуката е како падот на Бастилја
Награда за граѓаните на Македонија
Визите укинати, отворени нови хоризонти
Поттик за другите реформи