Број 3037  четврток, 16 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
На прво место

Награда за граѓаните на Македонија

Премиерот Груевски и' ја препиша целата заслуга за укинувањето на визите на Владата

„Ова е голем успех на нашите граѓани, на Македонија и на европската идеја во Македонија“, изјави вчера премиерот Никола Груевски, поздравувајќи ја препораката на Европската комисија за визна либерализација на Македонија. Заслугата за визната либерализација, Груевски и' ја припиша на Владата. „Оваа Влада си постави за цел да ги исполни сите неопходни услови и критериуми за воспоставување безвизен режим со Европската унија и во тоа успеа“, констатира Груевски. „Со овој чекор на Комисијата, македонските граѓани се приближуваат до придобивките на европската идеја. Македонија со силна посветеност и волја ги заврши започнатите реформи кои се предуслов за укинување на визниот режим и со тоа докажа дека ЕУ има рамноправен партнер на овие простори“, рече Груевски. Тој истовремено забележа дека досега на овој план не било направено ништо.

„Овој процес не беше нималку лесен и едноставен затоа што на овој план не беше направено речиси ништо. Се соочувавме со бројни пречки и проблеми, но нашата цврста определба ни помогна да ги надминеме и да го постигнеме овој успех“, истакна шефот на Владата. Тој уверува дека Владата е целосно посветена и дека со несмален интензитет ќе продолжи да ја вложува потребната реформска енергија и ресурси во процесот на европските интеграции на државава. „Продолжуваме посветено да работиме на добивање позитивен извештај за добивање на датум за почнување преговори со ЕУ“, додаде Груевски.

Тој оцени дека Македонија чекори напред и се отвора кон светот, иако некои, како што рече, ќе го оспорат тоа. „Некои можеби и ќе се обидат овој успех да го оспорат, некои ќе се обидат поради дневна политика да го претворат во поле за препукување и дополнителни поделби, но ова е реален успех и сите треба да сме горди на тоа“, смета Груевски.

Поранешниот премиер, социјалдемократот Владо Бучковски ја поздравува препораката на Европската комисија и се надева дека и Советот на министрите ќе донесе позитивна одлука. „Испратена е силна порака, ова е награда за граѓаните на Македонија и за граѓаните на регионот. Се надевам дека власта, пред се' ВМРО-ДПМНЕ нема да ја злоупотреби препораката за визна либерализација и нема да игра на картата дека ова може да биде замена за датум за преговори. Груевски треба да знае дека Владата за приближувањето кон ЕУ се оценува во октомври, а визната либерализација е признание до сите македонски граѓани“, ни изјави Бучковски.

Експремиерот напоменува дека нема потреба од еуфорија и триумфализам, потсетувајќи дека во периодот кога Македонија доби кандидатски статус , Црна Гора се формираше како држава. „Како што стојат работите, се плашам дека по четири негативни извештаи, повторно во октомври ќе добиеме негативен извештај од ЕК“, стравува Бучковски..

И шефицата на пратеничката група на Нова демократија, Флора Кадриу ја поздравува препораката визна либерализација, но, и таа предупредува да не се претерува со еуфоријата. „Сепак, тоа е само првична одлука која допрва треба да стапи во сила, и второ сметаме дека визната либерализација не смее да биде замена за зачленувањето на Македонија во НАТО и во ЕУ“, изјави Кадриу.

Либерално-демократската партија на сите македонски граѓани им го честита за визната либерализација. „Со оваа одлука на Европската комисија се круниса напорот и работата на повеќе влади и состави“.

ЛДП ги осудува обидите на Владата да ја злоупотреби одлуката за визна либерализација како покритие за недобивање, четврта година по ред, датум за почеток на преговорите. Добивањето датум за почеток на преговорите е клучниот чекор на интеграцијата во Европската Унија“, изјави Едмонд Адеми од ЛДП изразувајќи жалење што и по две години откако ни се дадени осум одредници, Владата не ги исполнила обврските. Адеми го повтори обвинувањата за притисок врз судството и партизирање на администрацијата. Директорот на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски поздравувајќи ја препораката на ЕК, рече: „Тоа е доказ дека Македонија продолжува да чекори кон патот на интегративните процеси кон Европската унија и дека за граѓаните на Македонија ќе има подобра иднина“, изјави Димовски.

Потпретседателот на ДУИ, пратеникот Џеват Адеми со нескриено задоволство препораката за визна либерализација ја коментираше како добра, посакувана и очекувана вест. Адеми е полн со оптимизам дека ваква убава вест Македонија ќе добие и во октомври. „Најголемите придобивки ги имаат граѓаните на Македонија и ние се радуваме како секој друг граѓанин. Ова е еден вид награда и за сработеното и за определбата, ориентацијата на сите граѓани да станеме членки на големото семејство - Европа“, изјави Адеми. (О.В.-Ж.Х.З.)





 


#
Статијата е прочитана 1788 пати.

Испрати коментар

Од: Makedonec vo EU
Датум: 16.07.2009 00:06:22
Zaslugata za ovoj "uspeh" doprva ke treba da se odraboti. A cenata se znae odamna.
Од: Itar Pejo
Датум: 16.07.2009 00:18:34
Bravo za vladata. Bez malku posledni dobivme (relativna) vizna liberalizacija. Toa e mnogu golem uspeh na vladata. Prerodbata prodolzuva.
Од: Red Rose: Nekapaciteten politichar
Датум: 16.07.2009 00:38:41
Nitu ovakov chin ,koj e od znachenje za podobruvanje na statuso, ne beshe predizvik za opsednatiot za kitenje so tugji perja Premier,da se izdigne nad sitnoprofiterskite politichki poeni za sebe i Vladata Namesto kako site vistinski politichari da ja iskoristi prilikata da se zablagodarri na site i pred nego,koj uchestvuvale i dale pridones za dobieniot rezultat,bez ogled na koja politichka partija i pripagjaat,toa ne se sluchi.Ochekuvano za site ,na koi im e poznat profilot na samobendisan,sebichen,nihilistichki politichar od kalibarot i tabietot na Grujo.Mizerno zvucheshe da se slushne kako "nekoi" ovaka ili onaka kje se izjasnele,namesto da se upati chestitka za zaednichkiot stremezh na site nashi gragjani - da bidat opravdano i zasluzheno del Evropa.Zatoa,licemerno e da se prisvojuvaat zaslugite i na Sekerinksa i na prethodnata Vlada,osobeno zatoa shto site vo EU znaat kolku ne sakashe ovaa Vlada da bideme del od EU i NATO i se praveshe toa da ne se sluchi.Go prochitaa.I zeznaa.
Од: realen1
Датум: 16.07.2009 01:31:14
e kaj se sega komentarite ajde malku plukanje kako nisto ne e dobro ili demek toa e zasluga na sdsm ama nejkat da se falat .hahahaha
Од: Vancho
Датум: 16.07.2009 03:29:41
Golemata rabota Makedoniya vo EU ha,ha,ha Evropa ne znaje so svoite problemi kade da odi pa i treba koj ke gi vadi od kasha.A i treba i koj da gi suportuva NATO pa naivnite bivshi komunistichki zemji mamat kako nedoeni decinja.Obrachot go zategaat EU mafijata Ekonomski ,Religiozno ,Vojno
Од: mitko malku podlaboko razmisluva
Датум: 16.07.2009 03:34:34
E taka e toa koga bankrotira drzavata, sega Grujo mora samiot da se fali, ne moze veke da kupuva minutaza po televiziite! Uste edna rabota, pred nekoj mesec koga po stoti i iljaditi pat bese objaveno od strana na Vladata deka ke se ukinuvaat vizite Latas napisa edna i za nego preterano dlabocinsko-potpikuvacka statija za sakaniot ni Bocevski. Toj kaza deka imeto na Bocevski ke bide zasekogas zapamteno vo makedonskata istorija poradi ovoj uspeh. Kako sto trgnale rabotite izgleda nema. Sepak barem Albancite ne ne prestignaa (kako sto toa go napravija za NATO), vazno ne sme posledni (i Kosovo go prestignavme iako tie nabrgu ke si izvadat nasi pasosi).
Од: jimmy1
Датум: 16.07.2009 03:38:58
Pa koi "zaslugi" ne se na vladata???? Kakva vlada kakov bakrac, vie nemate nikakva zasluga za nisto dosega, oooos imate zaslugi za nasilstvo, pritisok, diktatura, fasizam, tepanje na studenti, maltretiranje na mlekarite, propast na zemjodelieto, osiromasuvanje na narodot, trosenje na budzetot za vasi interesi, kopanje dupki, a najgolemite zaslugi gi imate za propast na makedonija, profitiranje od crni zdelki i vracanje na Makedonija za nekolku vekovi nanazad. Kako sto gledate spisokot nema da ima kraj, toa se vasite zaslugi. A za kradenje, honorari, i red drugi nezakonski beneficii da ne zboruvame, duri togas treba da se napise cel roman zosto na nekolku lisja hartija nemozi da se napisat. Ako navistina se zboruva za vistinska zasluga, site zasluzivte za vo Sutka, na celo so Manevski ministerot za nepravda. Lavice!!! dodaj nesto na listava da bide pokompletna.
Од: Igor-Iraq
Датум: 16.07.2009 06:25:07
Abe Bucko dosta veke so tie tvoi pesimizmi, imase i ti svoja sansa vidovme sto napravi, a ova e najgolema na vladata, zatoa sto vladata se borese i protiv vas i za viznata liberalizacia, dodeka probuvavte da i stavite sopki za sekoj poteg i taka da ke bide mnogu licemerno da vie sega se istaknuvate kako zasluzni duri i zasluzni za nekoj mal del, se vide vaseto, ostavete go covekot neka si raboti zasto dobro mu odi, mozebi ne na site polinja ama dobar e sega za sega, i pokaza deka znae mnogu poveke od predhodnicite!!!!
Од: jovan
Датум: 16.07.2009 07:08:38
Ova e 100 posto zasluga na vladata..Pred tri godini vladata na sdsm ne stori nisto na ovoj plan...Ovaa vlada za 3 godini napravi biometriski pasosi,napravi centralizirana kontrola na granicite i potpisa readmisija so evropska unija...Dodeka sdsm stalno kritikuvat koga bea na vlast tie nisto ne napravija i izgradija ,osven nivnite dzepovi..
Од: frankfurt
Датум: 16.07.2009 07:15:58
aj nazdravje super za GOLEMATA VLADA barem ima edna varijanta posle golemiot potop sto ni ja zafati zemjata so ovaa vlast im se dade sansa da se kacat na NOEVOTO KAJCE NA SITE ONIE STO PREZIVEAA NE SE PREDAVAJTE MAKEDONCI GOSPOD NA POMOS Samo EU e spas i reanimacija na ovoj iscrpen narod zatoa sto domot nekoj im go peplosa pa ajde pak od pocetok
Од: Goran
Датум: 16.07.2009 08:17:40
I Branko Crvenkovski znae deka Nikola Gruevski e najdobriot premier na MAKEDONIJA.Bravo majstore.
Од: So iseluvanje umira Makedonija.
Датум: 16.07.2009 08:55:16
Abe neka odat na rabota, na pecalba, ama ne da se iseluvaat familijarno. A za pecalbarenje g.Grujo treba megjunarodni spogodbi za da se zastiti Makedonija od obezljuduvanje(obezmakedoncuvanje-svoevrsten genocid).Zatoa Grujo ne se fali, ne se raduvaj na taksirat koga ke se opustosuva Makedonija.Sramno e toa. Nema poskapo od covekot. Ako go gubis zasekogas toa e predavstvo.Neka odi,ama i da se vrakja.
Од: Donald Duck
Датум: 16.07.2009 09:00:01
SDSM gi dovede slepcive pred vrata na EU, so dobivanjeto na kandidatski status. 4 g od togas, odime nazad, za sto svedocat Izvestaite od EK za progresot na MKD...od godina vo godina se se polosi i polosi, a godinava kje bidat najlosi. Kje go vidime Grujo vo oktomvri kakvi izjavi kje dava koga kje izleze Izvestajot za 2009 g. Sto se odnesuva za viznata liberalizacija...Hrvatska i Slovenija nikogas nemale vizen rezim od EU....tek tolku da se znae....
Од: Трпе
Датум: 16.07.2009 09:05:09
Деца,се деца,не разликуват што е дрво а што камен.Дали нашиот мистер Рејтинг кој многу убаво е изрекламиран на фотографијата со позадината од министри ,да има храброст да спомнеше дека сепак постои разлика помеѓу предлог,препорака и одлука..Треба да свати дека до октомври има зададено домашна задача која мора успешно да ја заварши.И ова што го добивме ,препораката , иако требаше многу порано е за поздравување,но овде ива допринос целокупниот македонски народ и сите влади досегаОваа препорака требаше да ја добиеме уште пред 2 години па зарем не гледате дека сега со нас се и Србија и ЦГ.Затоа мистер Рејтинг,за некои работи мора да ги забрза да ги заврши а со фалбите треба да кочи.Знаеме што напраил некој кој многу се фалел.
Од: asdf
Датум: 16.07.2009 09:31:13
Честитки за владата за визната либерализација и точно е дека ова е комплетно нивна заслуга, нема тука што да се меша СДСМ тие ништо не направија на овој план. Сите реформи за укинувањето на визите ги направи ВМРО и нормално дека на следните избори ке го имаат мојот глас ! САМО НАПРЕД
Од: Македонка од Македонија
Датум: 16.07.2009 09:48:19
Укинат е визниот режим? НЕ! Па што се радувате предвреме? Препорака од ЕУ? Па знаеме што стои зад таа *препорака*... мамка за промена на име... истово се случувало и порано но, под друга маска ... НЕ ДОЗВОЛУВАМЕ НИКОЈ ДА НЕ МАНИПУЛИРА СО ТРИУМФАЛНИ ГОВОРИ И УЦЕНУВАЧКИ ВЕТУВАЊА ... а визите кога вистински ќе бидат укинати НО, БЕЗ УСЛОВИ на штета на нашиот национален идентитет и име на држава, ќе се радуваме... до тогаш.... секој нека си ја работи работата и нека прекине навиката на предвремено радување и тагување... не научија да се радуваме и тагуваме на зборови...
Од: пада влада
Датум: 16.07.2009 09:49:05
Да се подестиме што рече г-нот Оли Рен : Ако Р.Македонија добие визна либерализација,тоа ќе бидат заслужни граѓаните,а не владата на Р.М. Е,сега некој да ми се чепати оти владата била заслужна,тоа може да пројде само на Илинденска. Па луѓе мои,сите ние добро си знаеме колку ни е (не)способна владата.
Од: Лебед
Датум: 16.07.2009 09:56:12
хахахаха, заслуга не ВМРО. Народе па Македонија кога доби кандидатски статус, а од 2006 тонеме безпрекорно. Грујо збореше за патриотизам, национализам. Ова не е негова заслуга.
Од: menekm
Датум: 16.07.2009 10:11:51
Браво Илинка Митрева,Браво Боцевски.Ама Ве нема .Каде сте???Ово процес што започна подам,на веке е во половично завршна фаза.Втората половина ке ја разбереме во Октомври.дали еуфориите и фрустрациите ке престанат ке видиме.Во секој случаЈ на оваа влада и падна секирата во ...... овој навидум бенефит да го круниса со друга отстапка.За тоа после летните одмори.Зошто владата ништо не кажува за разговорите со Нимиц.Каде е транспарентноста.Зошто од македонската јавност ја крие вистината.Каде се вемеровчињата сега да баарт гласност.???!!!!
Од: Millky Way
Датум: 16.07.2009 10:12:31
Dobro utro Makedonijo!Znaci da bideme jasni.Makedonija dobi preporaka za vizna liberalizacija sto ne znaci deka toa ke se potvrdi na Soveto na ministri!90% od rabotata za ovaa preporaka ja zavrsi prethodnata vlada!Ovaa vlada na Vele Strumf ne napravi bukvalno nisto.Gledam i se cudam kako uste ima hrabrost posle site raboti sto se slucuvaat vo drzavava, posle tri negativni izvestai od Evropskata komisija(se sprema i cetvrtiot koj sigurno ke bide najnegativen do sega) Vele Strumf ima hrabrost da izleze pred narodot i da zboruva za negovite zalsugi.Ke vidime sto ke ima da ni kaze vo Oktomvri.Drugo sakam da prasam, sto ke ni e ukinuvanje na vizite koga narodov nema sol vo oci da stavi, ne moze od Ohrid do Struga, od Skopje do Kumanovo da patuva.Tie sto imaat pari si vadat vizi bez problem,80% od bagrava Vmrovsk-patriotska, imaat bugarski pasosi.Mislam deka podobro ke bese da se ispazarat za nesto drugo.No vo seto ova povtorno go gledam biznisot!Ke se stancaat biometriski pasosi, znaci?!?
Од: od citatel
Датум: 16.07.2009 10:52:31
Jaden Grujo misli deka svetot pocnal od nego,a siguren sum deka ne znae ni toj od kogo e zapocnat.Neka go neka se raduva deteto, a po toa ke place....
Од: normalen
Датум: 16.07.2009 11:10:27
Eeee, nemozam da se nacudam na lugevo zapnale za Grujo kako da e svetec, toa VMRO-ovcite izgleda imaat blokada na mozokot. Pasosite gi napravila ovaa vlada, nikoj drug nisto ne napravil prethodno,aj ke ve molam ukucajte na internet biometriski pasoshi da vidite koj gi donese i vo cie vreme bese sporveden tenderot, a toa bese 2005 godina. Kolku sto ja se sekava, a ne sum VMRO-vec sto znaci deka pamtam poveke od nedela dena nanazad, togas miliot ni Grujo ne bese na vlast. Aj pozdrav!!!!
Од: pepi
Датум: 16.07.2009 12:12:06
Zamislete vladata bila zasluzna za viznata liberalizacija,alooooo pa i Srbija i Crna gora se so nas a nie imame kandidatski status,ejjjj vladata gi izrabotila biometriskite pasosi pa da ne sakate "Prosvetno delo" da gi izraboti,ovaa vlada nisto ne sraboti i tesko deka ke sraboti.Potreben e datum za pregovori so EU so koj ke dojdat stranski investicii i narodot ke se vraboti a ne vizna liberalizacii so koja samo onoj sto ima ke moze da odi vo EU ili pak ke begaat mladite vo potraga po podobra idnina,no koga nemas za 3 god.so sto da se pofalis eve i toa e dobro,Srbija do vcera bese na crnata lista na SAD i EU pa zaedno so nas dobi liberalizacija znaci tie mnogu naprednale a nie mnogu padnavme,neli bevme lideri na Balkanot
Од: mene
Датум: 16.07.2009 12:45:29
procesot kolku sto me drzi pamet bese pocnat mnogu odamna i tenderot za izrabotka na pasosite bese pocnat od django. ako se sekavate znaete kolku togasnata opozicija go napagase okolu izborot na najpovolen ponuduvac a sega tokmu so tie pasosi ke odime vo evropa. kako i da e ova e uspeh megutoa uspehot e na site i na ovaa vlada i na prethodnite sto bile i na site gragani koi sto dosega strplivo a na momenti ponizuvacki cekaa pred necija ambasada
Од: KPMarija
Датум: 16.07.2009 13:19:04
Cestitki za makedonskite gragani i Vlada predvodena od Premierot Nikola Gruevski , ova e golem uspesh za Republica Makedonija !!! So golemo zadovolstvo mozeme da konstatirame deka sme na pravilen pat i deka nashiot son , sonot na makedonskte biznismeni, studenti , mladi i stari se ispolni i sega slobodno ke mozeme da gi posetime nashite rodnini i prijateli , da ostvaruvame biznis kontakti...
Од: струмичанец
Датум: 16.07.2009 13:38:29
до СДС-мовски затупените коментатори-па како не ви е срам бе,па и на оваа вест ли плукате бе,разни македонци од ЕУ,jimmovci и слични,наместо да се радуваме на визната либерализација одма потценување и омаловажување,па се бркат баби и жаби-демек џабе ни е либерализација кога не можеме да работиме во ЕУ,па од дека до дека бе работа во ЕУ-тоа ќе биде кога ќе станеме членка на ЕУ...ах македонски самоуништувачки синдром...
Од: trajce mk
Датум: 16.07.2009 13:52:03
Treba da se ima doblest i objektivno da se gleda na rabotite , a ako taka gledame sekoja cest za Grujovski!
Од: gragjanin
Датум: 16.07.2009 14:29:03
Moreee zaboravanjeeee! jimmy1 i Iraq, a, koj ja napravi Makedonija KANDIDAT za EU vo 2005-ta? Vladata na SDSM ili nekoj drug?Dali mozheshe da se dobie liberalizacijava bez da se bide kandidat? A, pregovorite za kompleten vlez vo EU koj gi zabavi? Malku objektivnost ne e na odmet. ZAtoa treba da se istakne naporot na site vladi prethodno, toa e drzhavnichki odnos
Од: Aleksandar Petkovski
Датум: 16.07.2009 15:13:57
Kolku nisko od Grujo. Sekoja vlada se zalozuvase za toa. Jas sum politicki neopredelen ama ovoj se poveke mi stanuva antipaticen.

Најди! во Утрински
На прво место
За Србија одлуката е како падот на Бастилја
Во Грција ќе се оди со патен лист?
Визите укинати, отворени нови хоризонти
Поттик за другите реформи