Број 3444  понеделник, 29 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
Политика

Градежниот инспекторат затропа и на вратите на Општина Охрид

Охрид - Општина Охрид деновиве добила известување од Државниот градежен инспекторат при Министерството за транспорт и врски за непостапување по предмети што се однесуваат на уривање на бесправно изградени угостителски објекти во манастирскиот комплекс „Св. Наум“.

Градоначалникот на Охрид, Александар Петрески, вели дека не станува збор за одземање на ингеренции на општината за посочените предмети, туку за укажување што ќе биде уважено.

„Станува збор за мислење во кое се посочува проблемот со изградба на нелегални објекти во Св. Наум. Ние сега проверуваме каква дозвола за работа имаат постојните објекти таму, бидејќи тие се издадени пред 15-20 години, а не сега, и кон сите што немаат соодветна дозвола или имаат изградено повеќе отколку што им било дозволено ние ќе реагираме“, изјави градоначалникот Петрески.

Тој е уверен дека на Општина Охрид нема да и' бидат одземени ингеренциите во областа на урбанизмот, бидејќи локалната самоуправа ќе постапи согласно со Законот и ќе го реши проблемот со нелегално изградените објекти во Св. Наум. (Г. М.)


#
Статијата е прочитана 785 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Политика
Повеќе нема бесплатен ПАП-тест секоја година
На избори со точен попис на дијаспората
Не' очекува нова инвазија од трговски центри
Документи за 2001 на „Викиликс“?
За средношколците 500 стипендии
Груевски на самит во Триполи
Дисперзирани студии на ДУТ во Скопје
 


Macedonians do not trust EU policy towards their country
Hungarian journalists awarded for courageous reporting
Macedonia's secret surveillance society