Број 3444  понеделник, 29 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
Политика

Интервју

На избори со точен попис на дијаспората

Александар Новакоски

Не е сеедно колку лица во странство ќе се запишат како избирачи. Ако оставиме сето ова да се прави во кус рок, по распишување на изборите, тогаш може да се претпостави дека процентот на излезеност ќе биде низок, вели претседателот на Државната изборна комисија

Катица Чангова

Господине Новакоски, почна јавната дебата за новините во Изборниот законик што ги обелодени Министерството за правда. Некои решенија се попрецизни, но и натаму има нејаснотии. Се' уште не знаеме колку гласачи има меѓу иселениците?


Изборниот законик од 2008 година пропиша гласање на дијаспората што во Собранието ќе биде застапена со тројца претставници. Одредени се изборните единици на континентите. Најновите измени дефинираат дека пратениците од странство ќе се избираат според мнозински систем. Клучно прашање што треба да се реши пред да се оди на парламентарни избори е точната евиденција на дијаспората, бидејќи не е сеедно колку лица ќе се запишат како избирачи. Ако оставиме сето ова да се прави дури по распишувањето на изборите, а се предлага кус рок, само 15 дена за пријавување на иселениците, тогаш може да се претпостави дека процентот на излезеност ќе биде низок. И други земји се соочуваат со мал одѕив на „странците“, кој се движи околу два отсто. Неспорно е дека оние што уредно се пријавиле и гласале ќе изберат свои претставници во македонското Собрание. Сепак, како држава ќе покажеме слабост. Ќе стане јасно дека не сме ги преброиле иселениците, а сме ги евидентирале само при пријавувањето за гласање.

Каде има најголема концентрација на македонски државјани во странство?

Не знам каде точно е концентрирана дијаспората. МНР треба да го објави тоа. За државата е многу важно да ги знае гласачите по континенти што ги определи како избирачки подрачја. Дилемата може да се симне само со статистичка евиденција. Други земји не само што го прават тоа, туку знаат и колку чини еден гласач во странство. Еве, на пример, Грција, на едни од последните избори објави дека гласањето по иселеник ги чини 38 евра.

Какви се искуствата на земјите што во изборните процеси ја вклучуваат дијаспората? Може ли нешто да зајмиме од нив?

Гласањето на дијаспората прв пат го воведе Германија, во 1980 година, а поголемиот број земји од 1990 година. Значи, Македонија не заостанува временски во поглед на имплементирањето. Сметам дека е потребно периодично годишно евидентирање на иселениците, и тоа најмалку два пати годишно, во ограничен период, пред да се достави пријавата за гласање по распишани избори.

Дали електронската евиденција може да ја подобри комуникацијата?

Да, тоа е сега можно. Така пријавувањето на иселениците не мора да биде лично. Убеден сум дека со евидентирањето ќе се зголеми бројот на пријави за учество на избори, а истовремено ќе се подобри прегледноста за тоа каде најмногу живеат македонски државјани. Во некои земји, како што е во Хрватска, го решиле проблемот со посебен закон за евиденција на дијаспората. Сега мислам дека е вистинско време и кај нас да се размисли за ваков предлог. Кога станува збор за избори на дијаспората, МНР треба да се склучи договори со странските земји. Според стандардите, странска држава не дозволува гласање ако за тој чин на нејзина територија не се обезбеди дозвола.

Кога би требало најрано да се направи попис на дијаспората, ако се знае дека редовните парламентарни избори се во 2012 година?

Па, може во текот на 2011 година, и тоа два пати, во март и во септември. Претходно известувањето за евидентирање треба да се огласи во странските медиуми. Тоа вообичаено го прави ресорот за надворешни работи, преку дипломатско-конзуларните претставништва. Ако не стигнеме со овие подготовки за првите наредни избори, може да ги планираме за потоа. Учеството на дијаспората ќе биде прв тест за нас. И многу земји имале таков тест, не е ништо страшно. Ние имаме прилично добра регулатива и добар модел за почеток.

Кои се мотивите што за кандидатура на пратеник од странство се бараат илјада потписи?

Сега имаме решение за 200 потписи. Не знам кои се причините за зголемување на бројката за потписи на 1.000. Се сомневам дека е можно да се стигне до таа предложена цифра. Во предност се само големите партии што се добро организирани и имаат контакти со дијаспората. Потврдувањето на кандидатурата со потписи е тешко, затоа што, на пример, кандидатот може да живее во еден дел на Австралија, а потписите да ги собере во друг. Но, ако знаеме како е населена дијаспората по континенти, тогаш некаде можеме да предвидиме 300 потписи, а некаде можеби и илјада.

Законот не предвидува колку пари ќе се потрошат за избирачките одбори во странство, за пратениците оттаму, за нивниот престој овде...?

Финансиските импликации се друга работа. За трошоците нека мисли државата. Ние можеме да дадеме план. ДИК има искуство како тоа методолошки се пресметува, но треба навистина да добиеме одредена помош околу тие работи.

Предизборната кампања повторно не се дефинира како што треба...

Навистина, и во овие измени нема насоки што се случува во периодот пред да биде познат организаторот на изборната кампања. Тој дел има минимални подобрувања. Законот пропишува дека организаторот ќе биде познат еден месец пред изборите, а дека кампањата трае 20 дена. Значи, со ова не го решаваме временскиот период за кој имаше многу забелешки во претходните циклуси. Што е кампања, кој треба да санкционира, пак виси во воздух. Значи, некоја партија организира кампања и се оправдува дека тоа е редовно работење. Ако е редовно, тогаш кампањата нека трае две години, како што е во САД.

Што треба да се вметне како подобрување?

Постојат искуства. Некаде за времето на кампањата одлучуваат надлежните органи во локалната управа, некаде тоа е министерството за внатрешни работи... Значи, тоа се некои други органи, но не е ДИК. Не може ДИК да го санкционира редовното работење кога во законот стои дека има надлежности од моментот кого е познат организаторот на кампањата. Мислам дека ова прашање треба да го регулираат партиите. Ако мислат дека може да прават кампања и во целиот предизборен период и да го искористат законскиот вакуум, тогаш треба јасно да се каже дека имаат такво право. Но, мора стриктно да се прецизира.

Што со финансирањето на партиите, донаторите, изборните и партиските сметки?

Ние препорачуваме да се определи орган што ќе ги контролира и ќе ги санкционира партиите. Организатор на изборна кампања може да биде коалиција, партија, група избирачи. И сега има пропуст во измените на Изборниот законик, па излегува дека група избирачи не може да биде казнета. Но, затоа санкциите се предвидени за политичките партии и за коалициите. Сите што излегуваат на избори треба да се рамноправни. Инаку, точно се знае дека Државниот завод за ревизија ги доставува извештаите за партиите до ДИК, Собранието, Антикорупциската комисија, но не се знае кој треба да преземе мерки доколку има елементи на ненаменско трошење пари во функција на избори.

Дали можеби проблемот е во политичката волја?

Мислам дека никој не сака да се замери со политичките партии во тој дел. Не дека има нерегуларности, може и да ги нема, но не посочува на институција. Не е добро да се повикува некој што не е надлежен да го прави тоа. Имаме примери во светот каде што контролата ја прават независни ревизорски куќи што даваат предлог до, на пример, државната комисија за спречување на корупција за да одлучува по тој извештај. Или, пак, имаме пример каде што се дава извештај до Централната комисија, на пример, во БиХ и таа одлучува. И има право да казни не со 2.000 евра, туку со многу повеќе, па и да поведе постапка за одземање мандат.

Правни експерти посочуваат дека ДИК, наместо четири години, треба да има мандат од пет години за да не се врзува со Собранието. Кој е Вашиот став?

Пет години е подобро решение. ДИК ќе биде постабилна институција. Ако е со пет години, тогаш на ДИК ќе и' заврши мандатот една година по завршувањето на парламентарните избори. Во таа година нема избори, но може многу да се направи во подобрувањето на изборната регулатива, обуките, професионализацијата...

Што е со Избирачкиот список, со неговото прочистување, дали е тоа завршено?

Државната изборна комисија во својот дел направи се'. Ги презеде подрачните единици, секојдневно врши ажурирање. Сега ги очекуваме конечните резултати од прочистувањето на регистарот за гласање. Знам дека се проверија голем број податоци за да открие дали има двојно запишани избирачи, со два или пове��е матични броја, дали и умрените се гласачи. Имам информации дека таа акција финализира, само се чека денот кога ќе се објават бројките. Потоа ДИК, преку проект за проверка, по случаен избор ќе направи ревизија. Тоа е стандардна процедура. Доколку ревизијата на случајни избрани примероци се совпадне со прочистувањето, тогаш можеме да кажеме дека проблемот е надминат и оти Избирачкиот список е добар.

 


#
Статијата е прочитана 902 пати.

Испрати коментар

Од: Gjore
Датум: 29.11.2010 13:41:38
Ama toj normalen li e ? dijasporata da glasa za Makedonija ??!?!? vie epten otkachihte ....sramota e ova shto pravite ....koga ce si plaacat danocite vo R.M togash moze da glasa i koga ce zivee vo Makedonija togash moze da glasa ...a ne da mi idat na 10 godini 1-2 pati i da mi solat pamet kako se rabotelo ....ne blagodaram za mojata zemja se raboti gospodine Grujo
Од: Makedonska Dijaspora Detroit (od "otode Grupcin" i drugi!
Датум: 29.11.2010 15:30:43
Prethodniot komentar da ne e od nekoj Bugarin: "vie epten otkachihte ....sramota e ova shto pravite ....koga ce si plaacat danocite"? Nie vikame otkacivte...ce si gi placaat danocite...! E pa gospodine "Bugarin", nie si gi plakame danocite vo Makedonija, sme drzavjani na Makedonija, ke glasame vo Makedonija i...duri ke bideme i Vlada vo Makedonija zatoa sto e NASHA MATICNA DRZAVA i toa pravo ni e zagarantirano so USTAV i nasledeno od prededovcite. Ne e toa dali nekoj sakal ili ne nie da glasame!
Од: јас
Датум: 29.11.2010 16:53:32
До Makedonska Dijaspora Detroit (od "otode Grupcin" i drugi!) и останата прекуморска боранија... ОД каде бе батка ти плаќаш даноци на РМ? Со тоа што си доаѓаш еднаш на 2-3 години по 10тина дена , ќе потрошиш 2-3 стотини долари за чалами и да се покажеш дека ете колку си успешен..Тоа не се вика данок , ами трошок..Што имаш ти во РМ ?! Некој имот ( можеби, ако останало нешто , ама не можат да те најдат од УЈП и да го наплатат ), а дали плаќаш данок на плата и останатите давачки сврзани со платата што ја земаш , режиски трошоци и ДДВ на нив, па трошиш бензин во РМ ( и акцизите и давачките од него ) и редица давачки од кои се полни буџетот во РМ. Единствен трошок,освен тие 2-300 $ ти е купување на маст со која ги мачкаш модриците од удирање в гради за тоа какви патриоти сте сите вие !!! МОРЕ МАРШ ОТТУКА , ни парите ваши , ни вие ни требате !
Од: ne e bitno
Датум: 29.11.2010 17:14:07
Eve jas plakam danoci vo druga drzava i nemam ni denar skrsen plateno vo vasiot budget i mnogu mi e milo-moite pari ne se trosat za "triumfi", smizli i drugi gluposti. Imam pravo da glasam, iako ni na kraj pamet toa ne mi e. Inako za danokot, ako bevte vo EU znaete li deka ima model da rabotis vo druga EU zemja a pridonesite da ti odat doma? Ke odea i nasite ama vie ste nadvor od se, ostaveni sami so sebe!
Од: kiroUSA
Датум: 29.11.2010 17:28:02
do dijaspora vo Detroid,MI:: Eee ne ima i nas koj ne zboruvame literaturno neznam kolku ste informirani deka istocniot i juzniot del na Makedonija dijalektot e razlicen .!! Moze imis problem su nas ama izglede trebe malce da rasetis i da se zapoznajs so covecte ,ili Albanskiot moabet poveke ti leze. A za Bugari moze da kazam oti vetar te vee na belo magare ako ma razbiris.Ne znaci ako nema isto mislenje so nas uf dijasporta mora da go pravis Bugarin.....
Од: Kasa popara
Датум: 29.11.2010 23:13:54
G-dine Novakovski. Vie 4 godini ne mozite da gi sredite izbirackite spisici vo Makedonija, ( imate okolu 150.000 fantomski glasaci) a sega ce ste ja sredele dijasporata. Ajde molimte ne tresete " zeleni" i ne ne pravete naivni. Duri sega ce napravite kasa-popara i ce ima odlicni priliki za falsifikuvanje i neregularnosti vo vo izborite. Na kogo toa mu odgovara se znae., Na portokalovite.
Од: Od Mene
Датум: 30.11.2010 01:31:46
Ej Jas si promasil matematika be coek. Boranijava od Detroit ne odi doma sekoi 2-3 godini tuku 10-15-20- sveti nikad godini. I nemoj te molam 200-300 dolari da kazuvas. Pa vo Detroit se kazuva so ekstra nula ili dve na krajot. Hahahahaha So sreka Makedonijo so tvojata ti imigracija polna nepismeni, neinformirani i nerazbrani "patrioti"
Од: coki
Датум: 30.11.2010 02:38:20
samo da ve potsetam deka mnogumina makedonci sto ziveat vo r makedonija nemaat plateno ni eden denar danok, pa pak glasaat! ne samo sto ne plakaat tuku i drzavata ja cicaat! i sega sakate da mi kazete deka eden makedonec koj zemal bugarski pasos i zivee i raboti vo bugarija, a za vreme popisot ke dojde da glasa vo r makedonija, ima poveke prava od mene sto ziveam vo amerika?ili eden albanec koj e naturaliziran vo makedonija a zivee vo svajcarija i glasa vo makedonija ima isto taka pogolemi prava od mene?po koja logika?
Од: Goran
Датум: 30.11.2010 06:00:08
Do Gjore i slicni na nego: Jas ziveam vo SAD,ne zatoa sto mnogu sakam da sum odelen od moeto semejstvo, tuku zatoa sto mojata jadna zemja Makedonija ne znaese kako da gi iskoristi moite kvaliteti i moeto obrazovanie, no zatoa Amerikancite vednas mi ponudija rabota. Tocno e deka nie iselenicite ne placame danoci vo Makedonija, no zatoa pak i nemame dobieno nisto nitu pak barame nesto od ovaa zemja. A jas koga ke dojdam letovo, ke ispotrosam eden kup dolari vo nasata drzava, sto taa suma na pari od tebe nema da procirkulira ni za cela godina. Na toj nacin nie ja pomagame ekonomijata vo Makedonija, vnesuvame golemi sumi na pari. A i vidovme dosega kako vie glasavte, pa mozebi e vreme nie da probame.
Од: bogs
Датум: 30.11.2010 07:35:37
Makedonci ne se delete veke
Од: odgovor-iskustvo oddrugi...
Датум: 30.11.2010 08:03:39
Ako ne znaete, prasajtegi skandinavcite...Primer Svedska...

Најди! во Утрински
Политика
Повеќе нема бесплатен ПАП-тест секоја година
Не' очекува нова инвазија од трговски центри
Документи за 2001 на „Викиликс“?
За средношколците 500 стипендии
Груевски на самит во Триполи
Градежниот инспекторат затропа и на вратите на Општина Охрид
Дисперзирани студии на ДУТ во Скопје
 


Macedonians do not trust EU policy towards their country
Hungarian journalists awarded for courageous reporting
Macedonia's secret surveillance society