Број 3444  понеделник, 29 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
Политика

Не' очекува нова инвазија од трговски центри

Не' очекува ли уште една инвазија од трговски центри? Според последните огласи на Министерството за транспорт и врски, во кои се нуди државно градежно земјиште на повеќе локации наменето за изградба на големи трговски единици, држава ја продава земјата со намера да привлече инвеститори што ќе вложуваат во нови деловни трговски објекти. Овој пат квадрат земја не чини едно евро, како што се продаваа парцелите наменети за изградба на хотели и за објекти за мало стопанство, туку почетната вредност се движи од 15 до 90 евра.

Така, огромен простор од близу 32.000 квадрата се продава во близина на граничниот премин Богородица. На земјиштето треба да се гради трговски центар, а со Урбанистичкиот план е специфицирано како повеќенаменски комплекс „Граничен премин Богородица“. Со оглед на големината на парцелата, почетната цена од која ќе стартува лицитацијата е 1.000 денари за квадратен метар.

Во тек се јавни објави и за продажба на две градежни парцели во општината Гази Баба во Скопје, наменети за изградба на големи трговски единици. Едната парцела е со површина од 4.000 квадратни метри и се наоѓа кај киното „Маџари“, а другата е помала, 2.400 квадрати и е во Хиподром. Почетната цена на наддавањето е определена на 5.400 денари од квадратен метар.

Голем трговски центар ќе се гради и во општина Свети Николе, каде што за почетна цена од 2.400 денари квадрат се продава земјиште со вкупна површина од 4.400 квадратни метри.

Во општината Штип, пак, се нуди државно земјиште на кое ќе се градат деловни објекти. Станува збор за девет градежни парцели во општина Штип и една во општина Пробиштип. Локациите во општина Штип се со големина од 1.240 до 3.780 квадрати и со почетна цена од 2.800 денари за квадрат, додека парцелата во општина Пробиштип, наменета за изградба на деловни објекти за трговија, е со површина од 275 квадратни метри и има почетна цена 2.400 денари.

На лицитациите можат да учествуваат домашни физички и правни лица, како и странски државјани и странски правни лица, кои под услови на реципроцитет можат да стекнат право на сопственост на градежно земјиште на територијата на Македонија. (Б.А.)


#
Статијата е прочитана 1484 пати.

Испрати коментар

Од: Dilan
Датум: 29.11.2010 12:59:35
Kakva invazija od trg.centri?Tinex,Vero toa e ! 20 godini nemame nikakva investicija na toj plan .kade e Carrefour.Lidl,Metro,Aldi,srpskite Delta,Merkator, uste mnogu sto se na pazarot na nasite sosedi? Ne nekoe fajde od ovie centri ama nekoj raboti se dosta poeftini a i nekoe vrabotuvanje plus!Inaku ovaa e pokazatel kolku sme neinteresni za investicii
Од: jovan
Датум: 29.11.2010 13:05:52
Se e toa promasena rabota. Onie sto se popametni, veke se povlekoa, ili gi smalija kvadraturite za izgradba.

Најди! во Утрински
Политика
Повеќе нема бесплатен ПАП-тест секоја година
На избори со точен попис на дијаспората
Документи за 2001 на „Викиликс“?
За средношколците 500 стипендии
Груевски на самит во Триполи
Градежниот инспекторат затропа и на вратите на Општина Охрид
Дисперзирани студии на ДУТ во Скопје
 


Bosnia struggles to form state and entity governments
Bulgarian politicians caught in luxury phone trap
Thousands still missing from Yugoslavian wars