Број 3489  вторник, 25 јануари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Хроника

Попова Шапка без спасители среде сезона

Дваесет и седумгодишна девојка од Скопје е тешко повредена откако спуштајќи се со сноуборд по патеката поради густата магла удрила во карпа. Инцидентот се случи во неделата попладне

ТЕТОВО - Скијачкиот викенд на Попова Шапка го одбележа стравотна несреќа што се случи завчера напладне на падините на планината. Дваесет и седумгодишна девојка од Скопје е тешко повредена откако спуштајќи се со сноуборд по патеката поради густата магла, ненадејно удрила во карпа. Со повреди на грбот и на главата таа најпрво била примена во тетовската болница, од каде што е препратена на лекување во Скопје. Несреќата на скијачките терени го отвори прашањето за безбедноста на вљубениците во зимските спортови. Поради непостигнат договор меѓу скијачкиот центар и луѓето од горско-спасителната служба, годинава овој познат скијачки центар остана без спасители, што ја доведува во прашање безбедноста на посетителите.

Несреќата се случила во неделата кога скопјанката Е.Д.(27) се рекреирала на падините на Попова Шапка, возејќи сноуборд. И покрај лошото и магливо врем��, таа околу 13 часот се искачила на падините на Церипашина. Спуштајќи се по надолнината, неочекувано удрила во големата карпа, која поради густата магла, веројатно, не ја забележала. Од силниот удар се здобила со тешки повреди на грбот и на главата.

Среќна околност е што на местото на несреќата се нашле други скијачи, кои веднаш притрчале да помогнат. Повикана била и Брза помош. Лекарите што пристигнале на Попова Шапка сметале дека е најдобро да се повика хеликоптер што ќе ја пренесе повредената во болница. Но, поради густата магла, хеликоптер не можел да слета на местото на несреќата. Во свесна и контактибилна положба, повредената девојка била пренесена во тетовската Клиничка болница од каде што е испратена на лекување во Скопје.

Оваа несреќа укажува на неминовната потреба од организирана и постојана горско-спасителна служба на Попова Шапка, како и преземање други мерки за заштита на посетителите, особено на скијачите – почетници од несакани несреќи.

Тетово располага со обучени горско-спасители, кои многупати досега ја потврдиле својата спремност и брзина во интервенциите. Меѓутоа, како што дознаваме, за оваа зимска сезона не бил постигнат договор меѓу скијачкиот центар и луѓето од горско-спасителната служба поради што нивни луѓе нема на Попова Шапка. (Г.Е.)


#
Статијата е прочитана 855 пати.

Испрати коментар

Од: Zed
Датум: 25.01.2011 14:26:02
Skijackite pateki vo Makedonija (Mavrovo, Shapka) ne zadovoluvaat nikakvi standardi. Sostojbata e ista kako pred 40 godini, so isklucok na nekolku duseci na stolbovite vo Mavrovo. Kako moze da ima skijacki centar a da nema obelezani pateki i spasuvacki ekipi. Sto vo slucaj na magla posebno na Carepasina kade vo eden del ima i provalija. Spored standardi tie ne ni treba da rabotat (na zapad do sega ke bea zatvoreni od inspekcija). Pa da, ova ne e zapad ... samo cenite se zapadni. 22 evra dnevna ski karta vo Mavrovo! Abe ajde! Na kogo mu konkurira - na Bansko? %@#* Koj lud stranski turist nema da otide vo Bansko i ke dojde vo Mavrovo. Za situacija ima ime: monopol.
Од: Popova Shapka e centar za skijanjeto na Balkan
Датум: 26.01.2011 07:15:43
E pa dragi moi go nema Dr.Coci so motornata sanka ( a i peski idese do kade ne...niz sneg do gusha) da visi na Shapka po 24 casa...dnevno a uste i turistite da gi uci da se skijaat. Pamti li nekoj ili site zaboravile? Znae li nekoj kade e Dr.COci?I ma li na Sapka ili vo Tetovo uste zivi kako nego? Negovite istomislenici vo odnos za Sapka gi ispoapsija so izmisleni "lovovi na vestici"!

Најди! во Утрински
Хроника
Апелација ја укина пресудата за Шекеринска, Минчев и за Мисовски
Украдени 200 метри електричен кабел
Обезбедувач на казино претепан со палка
Еден месец притвор за газда на ресторан
Скопјанец повреден во пожар