Скопјанец повреден во пожар
Триесет и петгодишен скопјанец се здоби со изгореници на двете раце откако се обидел да го изгасне пожарот што тлеел во семејната куќа во скопската населба Чаир. Од полицијата известуваат дека во неделата вечерта избувнал пожар во куќата на С.Ш. (57) на улицата „Ѓорѓи Томовски“, при што изгорела целата куќа сосе покуќнината. Синот на газдата на куќата, А.Ш. (35), се обидел да го изгасне пожарот, но се здобил со изгореници на двете раце, поради што бил пренесен во Градската болница.
Од полицијата велат дека извршиле увид и се истражуваат причините за пламнувањето на огнот. (Г.А.) |