Број 3489  вторник, 25 јануари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Хроника

Апелација ја укина пресудата за Шекеринска, Минчев и за Мисовски

Повисокиот суд смета дека со пресудата не се утврдило кој го навредил тужителот Лазар Еленовски

Љубиша Станковиќ


Скопскиот Апелациски суд ја укина пресудата со која пратениците Радмила Шекеринска, Горан Минчев и Горан Мисовски беа осудени со судска опомена за клевета на ексминистерот за одбрана Лазар Еленовски. Согласно со решението, предметот се укинува и случајот се враќа на повторно одлучување.

Во образложението на одлуката на скопска Апелација е наведено дека скопскиот Кривичен суд не утврдил кој ја сторил навредата, односно дали тоа го направила тогашната претседателка на СДСМ Радмила Шекеринска или тоа е дело на Минчев и на Мисовски, кои го раководеле Изборниот штаб на коалицијата „Сонце“, со објавување на ставовите што ги изнел тужителот Еленовски. За судот е нејасно дали постои навреда или некои од тужените искажале навредливите зборови на сметка на ексминистерот за одбрана.

Несомнено дека суштината на проблемот лежи во промената на став 2 во став 1 од член 172 од Кривичниот закони��, а кој говори за кривичното дело клевета. Во став 1 се говори за „изнесување или пренесување нешто невистинито што може да му наштети на неговата чест и углед, но веќе во став 2 се зборува за дело „сторено преку печат, радио, телевизија или со други средства за јавно информирање или на јавен собир“.

Како што веќе пишувавме, Лазар Еленовски бил мотивиран да поднесе приватна тужба од новинарски текст објавен во „Утрински весник“ на 30 мај 2008 година под наслов: „СДСМ со снимка на Еленовски го обвини Груевски за името“.

На снимката што ја објавија медиумите се гледа како Еленовски на партиски форум во НСДП зборува за Никола Груевски и за проблемот со името, непосредно пред неговото заминување на Самитот на НАТО во Букурешт. Еленовски, како што може да се чуе на снимката, на партиската седница ќе изјави: „Тој не е бескомпромисен, бидејќи Никола Груевски прифати промена на името. Тоа што сега се крие, ќути или што било, тука сме да ја видиме вистината. Сакам да кажам дека и претходно ме прашувавте - во Букурешт, Никола Груевски отиде со промена на име Република Македонија - Скопје“.

Тројцата тужени пред првостепениот суд се бранеа со кажувања дека во конкретниот случај не може да постои никаква клевета, бидејќи тоа не бил нивни став и мислење, односно дека било презентирано мислењето на тужителот за политиката што ја спроведува премиерот Никола Груевски.


#
Статијата е прочитана 1256 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Хроника
Попова Шапка без спасители среде сезона
Украдени 200 метри електричен кабел
Обезбедувач на казино претепан со палка
Еден месец притвор за газда на ресторан
Скопјанец повреден во пожар