Број 3610  вторник, 21 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Спорт

Руседски: Изнер и Мау ќе играат до недела

Некогашниот убиствен сервер Грег Руседски својата коментаторска работа ќе ја збогати со едно необично искуство - ќе го пренесува денешниот меч на Вимблдон меѓу Никола Мау и Џон Изнер, двајцата тенисери кои во 2010 година го поставија апсолутниот рекорд во должина на траење на еден меч. Реакцијата на Руседски беше фантастична.

„Слушнав дека токму јас ќе го пренесувам тој натпревар. Па, добро. Тоа значи дека од вторник до крајот на неделата ќе пренесувам са��о еден дуел“, се шегуваше Руседски.

Да потсетиме до резултатот од 6-4, 3-6, 6-7, 7-6, 70-68 за Изнер дојде по 183 одиграни гема, во мечот кој се развлече три дена, а во кој тенисерите минаа на терен нестварни 11 часа и пет минути. Оваа година ждрепката сакаше реприза.

Инаку, вчера на првиот ден од Вимблдон првиот поен го освои домашната тенисерка Кејти О’Брајан, но на крајот беше посрамотена од ветеранката, Јапонката Кимико Дате Крум, која славеше со 6-0, 7-5. Овој меч се одигра пред очите на војводата од Кент, 68-годишниот принц Едвард. За љубителите на историјата на кралските семејства во прашање е внук на некогашниот британски крал Џорџ Петти.

Убедлива на стартот беше и петкратната освојувачка на Вимблдон, Венус Вилијамс. Американката, која минатата недела му се врати на професионалниот тенис на турнирот во Истбурн, вчера ја совлада 97. на ВТА-листата, Акгул Аманмурадова од Узбекистан, со 6-3 и 6-1.

Вилијамс во Истбурн стигна до четврт-финалето, каде што загуби од Даниела Хантукова од Словачка. Тоа беше нејзин прв пораз против Хантукова во 11 меча.

Резултати од првото коло на Вимблдон, мажи: Шитлер (Германија) - Белучи (30., Бразил) 7-6 (3), 6-4, 6-2; Раониќ (31., Канада) - Жикел (Франција) 6-3, 7-6 (3), 6-3; Лопез (Шпанија) - Берер (Германија) 6-4, 7-5, 6-3.

Жени: Парментие (Франција) - Чирстеа (Романија) 6-1, 6-3; Викмаер (19., Белгија) - Лепченко (САД) 7-5, 6-3; Татишвили (Грузија) - Пивоварова (Русија) 3-6, 6-2, 6-3; Веснина (Русија) - Пу-Тио (Шпанија) 6-4, 6-3; Дате-Крум (Јапонија) - О’Браен (В. Британија) 6-0, 7-5; В. Вилијамс (САД) - Аманмурадова (Узбекистан) 6-3, 6-1 итн.


#
Статијата е прочитана 492 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Шкендија против Партизан за Лигата на шампиони
Арнаудовски чека повик од Шундовски
МЗТ се засили со Стефанов и со Стојановски
Мекларен и Ферари се надмудруваат за Батон
Вилјас Боаш блиску до клупата на Челзи

"""