Број 3610  вторник, 21 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Спорт

Мекларен и Ферари се надмудруваат за Батон

Италијанците го гледаат Британецот како партнер на Алонсо в година, но неговиот сегашен тим му подготвува примамлив договор

Мекларен ќе му понуди на Џенсон Батон нов примамлив договор во обид да го задржи Ферари настрана од светскиот шампион во Формула 1 од 2009 година. Според извештаите минатиот викенд, Ферари е загреан да потпише со Батон како нов тимски колега на Фернандо Алонсо во сезоната 2012, заменувајќи ��о Фелипе Маса, кој веќе подолго време забележува скромни резултати. Според таблоидот „Њуз оф д ворлд“, извор во Маранело открил дека во Ферари „многу се зборува“ за обезбедувањето на услугите на Батон.

„Тие веќе проверија за да видат дали тој е достапен. Тимот сфаќа дека на Алонсо му треба посилен партнер од Маса ако сакаат да ја освојат титулата повторно“, вели изворот од Ферари.

Меѓутоа, „Дејли мејл“ пишува дека Мекларен ќе стори се' што може за да ги има Батон и Луис Хамилтон како тандем уште долго време. Весникот тврди дека, дури и да сака, Ферари не може да потпише со Батон за 2012 бидејќи „Мекларен ќе ја активира клаузулата за автоматско продолжување за уште една година на договорот на Батон вреден 6 милиони фунти годишно“. Покрај тоа, тимот веројатно ќе му понуди „продолжување на договорот под подобри услови во следните неколку седмици“.

Но, дали Батон ќе прифати долгорочен договор останува да се види, имајќи предвид дека 31-годишниот Британец неодамна изјави дека не сака да потпише договор на подолго време.

„Според мене, нема смисла да потпишувам долгорочен договор“, изјави Батон за швајцарскиот весник „Блик“. „Не знам како ќе се чувствувам по неколку години. Не можам да замислам да возам на 40 години. Сакам да се тркам онолку долго колку што ќе можам да победувам. Немам ништо конкретно за иднината - Мекларен има опција да ме задржи в година, тоа е се' што знам. Многумина од моите колеги не се стеснуваат за да се обезбедат на подолг рок, но јас сакам кога мојата иднина е отворена“.


#
Статијата е прочитана 484 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Шкендија против Партизан за Лигата на шампиони
Арнаудовски чека повик од Шундовски
МЗТ се засили со Стефанов и со Стојановски
Вилјас Боаш блиску до клупата на Челзи
Руседски

"""