|
|
|
|
|
|
|
Штефан Филе на рамковна прослава во Македонија

Познати личности од светската политика ќе допатуваат во Македонија на одбележувањето на јубилејот од Охридскиот договор
Жаклина Ѓорѓевиќ
Еврокомесарот Штефан Филе и досегашниот американски амбасадор во Македонија, Филип Рикер, се само некои од важните политички фигури за кои е планирано да се појават на конференцијата што ќе се одржи летово во земјава по повод десетгодишнината од Охридскиот рамковен договор. Многу други познати дипломати и меѓународни претставници ќе дојдат во Македонија на одбележувањето на јубилејот од договорот, со кој беше ставен крај на осуммесечниот меѓуетнички конфликт во земјава.
Најавите дека Македонија ќе биде домаќин на многу звучни имиња од светската политика доаѓаат во време кога на политичкиот врв во земјава му е ставено до знаење дека е можно да се повлече препораката за преговори со ЕУ, ако не се продолжи со реформите. Но, колку присуството на високи личности ќе значи и шанса Македонија да добие повеќе поени на патот кон ЕУ и дали тоа ќе знаеме да го искористиме?
Своето доаѓање Филе го најави по средбата што ја имаше неодамна во Брисел со премиерот Никола Груевски, на која порача дека „препораката за преговори е во сила, но за да продолжи да важи, земјата ќе мора да продолжи со напредокот во спроведувањето со реформите“. Во соопштението што го издаде Филе по средбата, се нагласува дека од Македонија се очекува да биде меѓу земјите од регионот кои предничат во евроинтеграциите.
Македонија доби и порака дека решавањето на проблемот со името останува суштинско прашање, но и дека новата влада треба да се фокусира на ефикасната имплементација на реформите во администрацијата и судството, борбата со корупцијата и слободата на медиумите. Но, неизоставно било споменато и спроведувањето на Охридскиот рамковен договор.
И Рикер најави дека, најверојатно, ќе биде тука на одбележувањето на десетгодишнината од Охридскиот договор, но од позиција на заменик-помошник во кабинетот на американскиот државен секретар, Хилари Клинтон, за овој дел од Европа, што значи повторно ќе биде директно одговорен за Македонија, но сега од Вашингтон.
„Високите претставници на НАТО, на ЕУ или на САД за Македонија ќе одлучуваат според реформите што се спроведени“, смета Павле Трајанов, лидер на Демократскиот сојуз. Тој оценува дека овие средби се' повеќе од протоколарен карактер и со други зборови тешко дека можат да бидат пресудни за оцените за напредокот на земјата.
„Најдобро лобирање за земјата е спроведувањето на реформите“, вели Калинка Габер од СДСМ. Според неа, Владата треба сериозно да ги сфати пораките што и' ги испратил Филе на земјата, зашто најдоброто лобирање за Македонија, како што вели, е спроведувањето на реформите. Конференцијата, потенцира Габер, може да се сведе и на протоколарна посета и да нема некое пресудно значење за напредокот на земјата во евроинтеграциските процеси.
Досегашниот вицепремиер за спроведување на Охридскиот рамковен договор, Абдулаким Адеми, не беше достапен за коментар околу тоа што ќе значи за нас конференцијата со меѓународен карактер што ќе ја организира Владата. Но, неодамна тој изјави: „Ако основата на Европската унија е почитувањето на етничките, културните и на верските различности, тоа го обезбедува токму Охридскиот договор. Затоа, неговото применување не треба да се гледа како услов, туку како можност што не' доближува до европските вредности“, изјави вицепремиерот Адеми. (Ж.Ѓ.)
|
#
|
|
|
Статијата е прочитана 1302 пати.
|
|
|
|
|
|
|
| Од: Миле - Охрид |
| Датум: 07.07.2011 01:05:22 |
|
| Доколку на поканетите гости им е јасно дека доаѓаат во Република Македонија, во која живеат и Македонци, кои зборуваат на македонски јазик и негуваат македонска култура, тие се добредојдени. Достоин��твено ќе ги пречекаме и покрај понижувањето кое го доживеавме со договорот за капитулација по агресијата од протекторатот на ОН, подржана од НАТО. Доколку доаѓаат да продолжат со навредите, нарекувајќи не „вашата држава“, „оваа држава“, „Скопје“, „ФИРОМ“, „граѓаните кој го зборуваат официјалниот јазик“ на „таа држава“ и слични глупости, НЕ СЕ ДОБРЕДОЈДЕНИ. Ќе ги третираме како провокатори и натрапници. Ќе сметаме дека Охридскио договор беше само прва фаза во процесот на бришење на Македонија од картата на светот. Ќе стане јасно дека се врши притисок за прифаќање на грчките шовинистички уцени за промена на името, со што ќе се отстрани и последното обележје кое ги поврзува македонскиот народ и неговата единствена држава- името Република Македонија. На таквите им е местото во Грција. |
|
|
|
|
|
|
| Од: matematicar |
| Датум: 07.07.2011 11:23:17 |
|
| Dali ke prisustvuva i g.Gruevski?ne ostavi so Manifestot vo raka,neotvoren,a site nadezi ni bea tuka.
Gledam site si ja zavrsija rabotata-barem stranskite diplomati,osven makedonskata vlada,koja pagja list po list... |
|
|
|
|
|
|
| Од: bezanec |
| Датум: 07.07.2011 14:58:47 |
|
| Секаде во светот слават победа ние славиме пораз. Љубчо и Груевски се по истите стапки што ги правеше Хрватско околу Косовското прашање за автономност за време на СФРЈ,да ескалира со побуни во приштина,обезбедувајки го мирот од полицијата од бившите ЈУ републики и на крајот-држава косово. Истото не чека и нас македонците од неукиот,македонски народ,да извлече,заклучок деко од тандемот Горгиевски и Груевски Македонија се распаѓа. Затоа нашите стари девци,полуписмени кажале„„Од прост народ држава не бива„„. |
|
|
|
|
|
|
| Од: tatoo |
| Датум: 07.07.2011 15:51:34 |
|
| Колкава ќе биде финансиската конструкција на овој состанок? Или пак на повидок е вистински “Надеж-1“ (Надеж 1 и 2 не постојат односно се измислени). Сега организатор на прославата е ДПМНЕ а не СДСМ. |
|
|
|
|
|
|
|
|