|
|
|
|
|
|
Тетовски советник ја бојкотира работата четири месеци

Додека не се решат приоритетните проблеми, Драган Давидовски вели дека нема да се врати во советничката клупа
ТЕТОВО – Единствениот член на Советот на Општина Тетово од редовите на ВМРО-НП, Драган Давидовски, веќе четврти месец ја бојкотира работата на највисокиот орган на Општината. Давидовски не гледа ниту поставување, а не почеток на решавање на неколку проблеми што се од интерес за граѓаните. Бидејќи за овој период нема ништо сторено, тој смета дека не се создадени услови за враќање во советничките клупи.
Драган Давидовски како приоритетни ги смета решавањето на проблемот со старите и со новите православни гробишта, почеток на реализација на иницијативата за градба на нова црква во рамничарскиот дел на Тетово, отстранување на дивата депонија од градот, враќање на бистите на двајцата народни херои на плоштадот, решавање на прашањето со недостиг од вода за пиење и уште неколку други за кои повеќепати барал да се постават на дневен ред, но секогаш добивал одговор што не соодветствувал на поставеното прашање.
„Сите прашања се од интерес на граѓаните на Тетово. Избирани сме за членови на највисокиот орган во општината да ги поставуваме, да расправаме и да бараме разрешница. Досега не гледам дека некои од моите барања нашле место во работата на Советот. Се' додека не видам желба и волја да се решат, ќе ја бојкотирам работата на Советот по цена и на поголеми последици“, категоричен е Давидовски. За некои од прашањата, особено оние за гробиштата и градба на црква, очекувал поддршка и од другите советници на партиите на Македонците. Но, како што вели тој, досега не ја добил.
Давидовски бара старите православни гробишта да се прошират и да се создадат услови за достоинствен погреб на починатите. За новите гробишта во селото Фалише, Давидовски смета дека се' уште се поголем срам зашто просторот повеќе личи на депонија.Тој негодува и за упорното опстојување на дивата депонија во градот, која претставува постојана закана за здравјето на луѓето.
„Во Тетово се воведуваат редукции во снабдувањето со вода за пиење, а Шара блика од вода и од извори. Цела година се приградува, но никако проблемот целосно да се реши. Зарем и овој проблем не го заслужува вниманието на нас советниците“, прашува Давидовски, кој продолжува со бојкотот. (Г.Е.) |
#
|
Статијата е прочитана 770 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: Др.Стојадин Наумовски- Цоци/-САД/Канада |
Датум: 07.07.2011 02:45:01 |
|
Му изразувам комплетна поддшка на Г-дин Давидовски во неговите напори да се решат поставените прашања. Како поранешен одборник, јас исто така го поставив јавно истото прашање, но до ден денес нема никаква реакција од надлежните, а уште помалку од Владата и од владеачката коалиција. Време е за поинтензивна акција, не само за поставените прашања, ами и за поставување на уште голем број прашања и барања до локалната власт, нои до централната власт- Владата на Република Македонија. Тетовчани мораат еднаш да се разудат од вештачки наметнатата кома! Лично превзедов неколку иницијативи за подобрување на здравството во Тетово и тетовско...но тука нема да запреме. |
|
|
|
|
|
|
Од: bezanec |
Датум: 07.07.2011 15:15:44 |
|
Господине Давидовски ја имаш целата подршка од Струмица,но на ѕид не се зборува,не те слуша. Тетово од тандемот Љупчо Горѓиевски и Никола Груевски е отпишан како град од Македонија,жално но вистинито. Би ве советувал што ве има Македонци во западна Македонија да се обединете околу СДСМ,единствен браник за целовитоста на државата Македонија. Тој тандем 2001 година ви направи војна и поделба,жално е уште да верувате во ВМРО-ДПМНЕ;НП и др.со предзнакот ВМРО,што чекате уште полошо да ви се случи за да се чукнете во глава.Или се носите со идејата човек партија да се седне само во фотелија,па чија горо нека гори. |
|
|
|
|
|
|
|
|