Тетово град на мирот - пат за Европа
ТЕТОВО - На 20 директори и професори од средното образование вчера и официјално им беа доделени сертификати во рамките на проектот „Тетово град на мирот“ што се спроведува веќе една година. На церемонијата сертификати им беа врачени на Газменд Арифи, Мимоза Еншиу, Бранкица Спировска, Андријана Савевска, Хасан Идризи, Сузана Радованов и на другите што биле вклучени во семинарот за разбивање на стереотипите и предрасудите во заедничкиот живот во Тетово. Целта на проектот е надраснување на предрасудите и меѓуетничките бариери како и стимулирање на соработката меѓу учениците и граѓаните. Проектот го реализира Општина Тетово во соработка со германскиот Форум за мир. „Вклучивме заедно да работат професори Македонци, Албанци и Роми, кои стануваат вистински ��ример за учениците. Натаму продолжуваме да работиме со вклучување и на родители на ученици, со цел заеднички да го отвориме патот за европско Тетово“, рече директорката на германскиот Форум за мир, Силке Маер Вит. (Г.Е.) |