|
|
|
|
|
|
Администрацијата не добила ни денар за изборите

Од ДИК најавуваат дека до крајот на идната недела секој член на изборните органи ќе добие надомест за сработеното
Гордана Дувњак
Армијата административци што беа ангажирани на денот на одржувањето на предвремените парламентарни избори на 5 јуни се' уште не добиле ни денар за својот ангажман. Но, и покрај тоа што оттогаш помина повеќе од еден месец, од Државната изборна комисија смируваат дека нема место за загриженост. Тврдат дека се' се одвива во рамките на предвиденото и планираното. На секого ќе му биде исплатено, онолку колку што сработил и во зависност од тоа на кое место бил. Или што би се рекло со штуриот административен јазик, според „однапред определени критериуми и во согласност со правилниците и со актите“.
Од ДИК најавуваат дека веќе кон крајот на идната недела секој од административците вклучени во работата на 84 изборни општински комисии (множени по десет), како и 2.976 избирачки одбори (исто така, множени по десет) со сите претседатели, заменици, членови на органите што ги спроведуваат изборите ќе добијат одлука за надоместокот, кој ќе им биде исплатен. Засега, не се знае колкав износ од државната каса треба да се издвои за оваа намена. Единствено се знае дека работните групи веќе го направиле рангирањето на административците, кои ќе бидат поделени во пет категории и во уште толку поткатегории.
Официјални извори од ДИК потврдуваат дека станува збор за вообичаена процедура, која е од „техничко-административна природа“ и не станува збор за некакво доцнење или избегнување на обврските.
Од највисокото изборно тело задолжено за спроведување на изборниот процес објаснуваат дека во изминатиот период биле посветени на конституирањето на новиот парламент, а детаљно ќе се проверуваат и поднесените извештаи.
„Изборите поминаа во беспрекорен ред и сакаме се' што е друго поврзано со нив да биде спроведено како што треба. Сите извештаи ќе бидат исконтролирани за да нема никакви грешки. Ќе се цени ангажманот на административците одделно, бидејќи не може да им бидат исплатени надоместоци линеарно, туку во зависност од територијата што ја покривале и колку сработиле. Не може исто да добијат оние што работеле во изборна комисија со неколку изборни места и оние со голем број“, велат од ДИК. Најверојатно, висината на надоместоците за избирачките одбори ќе се движи во рамките на она што било исплаќано на претходните избори, па претседателите ќе добиваат по 3.000 денари, по 2.500 замениците на претседателите, од 1.500 до 1.700 денари членовите. За останатите тој износ ќе биде многу понизок.
Но, и покрај смирувачките тонови од ДИК, во отворените телевизиски програми веќе почнаа да се јавуваат нестрпливи административци кои јавно прашуваат кога ќе им биде платено сработеното. Изборите завршија и сега е време за плаќање на сметките! |
#
|
Статијата е прочитана 976 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: дали е точно |
Датум: 07.07.2011 08:15:19 |
|
Дали е точно дека надоместокот за членовите на општинските изборни комисии овојпат ќе биде за 50% помал од изборите во 2006, 2008 и 2009 година? |
|
|
|
|
|
|
Од: Istocna Makedonija |
Датум: 07.07.2011 09:12:43 |
|
Golema sekiracija,administrativcite uste ne gi dobile
honorarite za izborite.Ke gi dobijat?!Sto so armijata na
nevraboteni,socijalni slucai,stecajci,tehnoloski,beda,
ekonomski kolaps,megunarodna izolacija...Toa se ba-
zicnite problemi na graganite na ovaa zemja.A i ,,hono
rarcite,,za izborite bea selektirani po ,,kluc,paritet,vrski,
nepotizam..Kade ima da ima,drugite neka umrat!. |
|
|
|
|
|
|
Од: kiki makedonski |
Датум: 07.07.2011 09:44:04 |
|
Зошто различно се плаќаат учесниците во избирачките одбори. Може претседателот и заменикот да имаат до 500 ден разлика а останатите сите подеднакво работат |
|
|
|
|
|
|
|
|