Број 3414  понеделник, 25 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
Економија

На мобилен 5,3 милијарди луѓе

До крајот на годинава бројот на претплатници на мобилната телефонија ќе достигне 5,3 милијарди, во однос на 4,6 милијарди на крајот на 2009 година, е прогнозата на Агенцијата за обединети народи за информациска и телекомуникациска технологија.

Мрежата за мобилна телефонија уште сега е достапна на повеќе од 90 отсто од светската популација. Стапката на влез на мобилни телефони на пазарот на развиените земји изнесува 68 отсто, со што е постигнат висок степен на заситеност, отколку кај другите технологии, покажува извештајот објавен на годишната конференција на Меѓународната унија за телекомуникации во Гуадалараја.

Силен скок е забележан и на подрачјето на пристапот на Интернет, покажува извештајот. Така, бројот на корисници на Интернет е двојно зголемен во изминатите пет години и до крајот на 2010 година ќе достигне две милијарди. Притоа, се проценува дека пристапот до Интернет во сопствен дом имаат 1,6 милијарди лица, во однос на 1,4 милијарди на крајот од 2009 година.

Авторите на извештајот, сепак, укажуваат на континуиран огромен расчекор меѓу развиените земји и земјите во развој. Така, до крајот на оваа година 71 отсто од жителите на развиените земји ќе имаат можност за пристап до Интернет, во однос на само 21 отсто во земјите во развој.

Притоа, во развиените земји 65 отсто од жителите ќе можат да пристапат до Интернет во сопствените домови, во споредба со само 13,5 отсто во земјите во развој, каде што главни места за Интернет-пристап се училиштата, работните места и јавните установи.

Големи се разликите и меѓу одделни региони, па така на Интернет сурфаат 65 отсто од жителите на Европа, во однос на само 9,6 отсто во Африка. (ИЦТ- свет)


#
Статијата е прочитана 263 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Економија
Најмногу пари за патишта и за „Скопје 2014“
Власта ги слуша маките на фирмите
Г-20 договори историска реформа за ММФ
Ставрески
Финансиите -најголем проблем за менаџерите






Nato to halve troops in Kosovo to just 5,000
Hungarian sludge catastrophe victims may not get compensation, say Greens
Belgian court awards €15,000 to asylum seeker