Број 3414  понеделник, 25 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
Економија

Најмногу пари за патишта и за „Скопје 2014“

Буџетот за 2011 година е проектиран на близу 2,6 милијарди евра и е повисок за 6,8 отсто од годинашниов

Александрија Стевковска

Годинава Владата се бореше со кризата, а в година ќе се обиде во земјава да го поттикне развојот, ако не друго барем инфраструктурниот. Така барем говорат првичните информации за спакуваниот буџет за наредната година, кој е најголем досега. Од него, покрај инфраструктурата, ќе има фајде и проектот „Скопје 2014“. И наредната година административците нема да се опарат со повисоки плати, а нови вработувања ќе има, но само рамковни и евроинтеграциски.

Буџетот за 2011 година е проектиран на близу 2,6 милијарди евра и е повисок за 6,8 отсто од годинашниов, со дефицит од 2,5 отсто. Според најавите, буџетската дупка ќе се финансира од надворешниот пазар, а не преку издавање државни записи. Анализите ќе покажат дали за тоа ќе се земе понудениот кредит од ММФ или, пак, ќе оди со издавање нова еврообврзница. Во буџетот се предвидува капиталните инвестиции да се зголемат за 83 милиони евра или за 29 отсто, а ќе се реализираат во инфраструктурни проекти, како што е Коридорот 10, изградба на здравствени установи и училишта и реновирања на студентски домови. Нема да изостанат ни вложувања во почнатите проекти, како што е „Скопје 2014“.

Според министерот за финансии, Зоран Ставрески, порастот на капиталните проекти произлегувал од два фактора. „Тоа произлегува од порастот на економијата и од очекуваниот пораст на приходите, каде што најголем дел од тој пораст на приходите не го насочуваме кон плати и пензии или кон други категории, туку кон инфраструктурни проекти“, вели Ставрески.

Владата најавува дека в година не планира нови вработувања, освен предвидените со евроинтеграциите и со Рамковниот договор. По таа основа вкупното одвојување за плати ќе се зголеми за 1,9 отсто. Владата во идната година не се откажува ниту од трошењето за стоки и за услуги, што ќе порасне за близу седум отсто.

Најголемо покачување во средствата в година ќе добијат Министерството за здравство, потоа транспортот, образованието, а на сегашните 100 милиони евра ќе се обезбедат уште 15 за земјоделски субвенции. Дел од проектите ќе се финансираат со заем од Светска банка. Овој буџет е планиран на очекуван оптимистички раст на економијата од 3,5 отсто и трипроцентна инфлација, со раст на извозот за 10,5 отсто, а на увозот за 9,5отсто.

За опозицијата, буџетот за 2011 година е веќе видена работа. Владата и лани ветувала, но не реализирала многу од најавените капитални инвестиции. „Ова е истата Влада што во 2010 година предвидуваше голем скок на капиталните инвестиции, па со ребалансот веднаш ги скрати за речиси една четвртина“, реагираа од СДСМ.

Според експертите, Владата морала да креира развоен буџет за идната година, бидејќи тоа е единствен начин да се динамизира растот и да се заштити економијата од евентуални нови рецесиски движења.

„Само масовни инвестиции можат да обезбедат раст“, велат експертите. Според нив, добро е што Владата планира дефицитот да се покрива со надворешно задолжување, место со врзување на капиталот на домашните банки во записи, доколку навистина успеа тоа така да го менаџира. „Ќе треба да се види дали тоа ќе биде еврообврзница или кредит од ММФ. Клучни ќе бидат условите“, сметаат аналитичарите.

Премиерот Никола Груевски цврсто стои зад планираниот буџет за 2011 година, уверувајќи дека во него се клучни инвестициите. „Македонија добива досега најразвоен буџет, со највисоки капитални инвестиции. Земјоделците добиваат, исто така, рекордно високи субвенции, 115 милиони евра“, вели Груевски.


#
Статијата е прочитана 1513 пати.

Испрати коментар

Од: јас
Датум: 25.10.2010 16:10:31
Досегашните 5 буџети беа „инвестициски и развојни “ !!!н Портокаливе „ инвестираа и се развиваа„ до толкави граници , што нивните 5 поколенија не ќе можат да ги потрошат сите пари , што фамилијата ги „тргна “ настрана..А Македонија???Па таа уште 50 години ќе ги враќа сите кредити и заеми !!!
Од: Трпе
Датум: 25.10.2010 17:35:27
Нашата напатена земјичка е најголемиот циркус во Европа на чело со директорот мистер мр Рејтинг и неговите илузионистички артисти(читај министри).Цел свет се мајтапи на сметка на промашениот циркус кој се приредува ,на кој сопствениот народ без да ги свати илузионистичките точки аплаудира.
Од: kire
Датум: 25.10.2010 19:12:56
Колку време и треба на нашава држава да свати дека економски развој без добро железничка инфраструктура не постои!! Се повеќе се зголемуваат инвестициите во патната инфраструктура (не дека не треба) а во железницата 40 години се нема вложено значајна сума на средства. Но да не расправаме дека има 4,9 милиони за Порта а дека нема за нова болница.

Најди! во Утрински
Економија
Власта ги слуша маките на фирмите
На мобилен 5,3 милијарди луѓе
Г-20 договори историска реформа за ММФ
Ставрески
Финансиите -најголем проблем за менаџерите






Nato to halve troops in Kosovo to just 5,000
Hungarian sludge catastrophe victims may not get compensation, say Greens
Belgian court awards €15,000 to asylum seeker