Усвоен буџетот на ЕУ за 2011 година
Стразбур - Европратениците вчера го усвоија предложениот буџет на ЕУ за 2011 година откако пред дваесетина дена одбија да го изгласаат.
Новиот буџет на ЕУ забележува раст од 2,91 отсто, во споредба со оној од 2010 година, што е многу помалку од тоа што го бараа пратениците.
За буџетот гласаа 508 европратеници, 141 беа против и 19 воздржани.
„Европскиот парламент го одобри предлогот на Советот (владите на земјите-членки на ЕУ) без амандмани и можам само да го поздравам тоа“, изјави веднаш по гласањето белгискиот државен секретар за европски прашања, Лук Шастел, во име на белгиското претседателство со ЕУ.
Буџетот 2011 година на ЕУ предвидува покачување на расходите на ЕУ за 2,91 отсто, односно тој се крева на 126 милијарди евра, односно 3,5 милијарди евра повеќе во споредба со 2009 година. (МИА) |