Број 3458  четврток, 16 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
Економија

Пешевски станува главен и за инвестициите?

Токму вицепремиерот се пофали за „Шишеџам“ наместо тоа да го направат Самак и Мизо

Маја Томиќ
Соња Маџовска


Дали вицепремиерот Владимир Пешевски станува главниот човек за информациите околу влезот на странските инвестиции? Дали тој го презеде жешкиот костен и кога ни треба оправдување за недоаѓањето на инвеститорите, но и кога треба да соопшти некоја добра вест? Деновиве Пешевски излезе во јавноста и се пофали дека е многу извесно оти турската „Шишеџам“ ќе дојде во „Бунарџик“ во првиот квартал од идната година. Наместо тоа да го кажат најповиканите за таа тема, министерот Веле Самак и директорот на Агенцијата за странски инвестиции Виктор Мизо, што беше досегашна практика.

Министерот Самак, иако годинава го немаше многу во јавноста, за наредната е голем оптимист, ветува големи инвеститорски имиња од автомобилската индустрија. „Имам позитивни очекувања за странски директни инвестиции во 2011 година. Ова очекување го базирам врз зголемениот обем на работа и зголемениот број проекти во кој ја имаме донесено Македонија, во тесен круг на 2-3 земји. Оптимизмот е претежно за инвестиции поврзани со автомобилската индустрија и во аутсорсингот, односно кол-центрите. Во споредба со 2009 година, екот на економската криза во 2010 имавме зачестени посети на глобални фирми во Македонија и се' повеќе од нив започнуваат проекти во кои Македонија е прва вклучена, како резултат на нашите контакти и зајакнувањето на западните економии. Речиси сите мои проекти се фокусирани на изградба на нови погони во технолошките зони, но имаме и проекти надвор од тие зони. Што се однесува до ’Шишеџам‘, производството на стаклена амбалажа е конкурентен глобален бизнис што бара експанзија во овој регион заради регионалниот пазар за стаклена амбалажа што ќе расте заедно со регионалните економии“, изјави министерот Веле Самак вчера за „Утрински весник“.

Освен „Шишеџам“, поточно изградбата на фабриката за стакло, оваа година требаше да се стават темелите и на кинеската „Хаиер“, но нема абер ниту од нив. Оваа компанија првично требаше да инвестира заеднички со јужнокорејската „Тривју“ во почетокот на годинава, а летото го раскина договорот и најави дека продолжува самата и не се откажува од инвестицијата вредна 9 милиони евра. Претставници на „Хаиер“ ќе дојдеа на преговори со Владата во октомври. Уште ги нема. Група инвеститори неодамна беа на разговори со премиерот Никола Груевски. Владата официјално не кажа кои беа тие. Медиумите дознаа за само една иранска компанија од автомобилската индустрија. Годинава ја дочекавме единствено инвестицијата на турски ТАВ, чија крајна целосна вредност треба да е околу 200 милиони евра. Но, според податоци на Народна банка на Македонија одделно по земји, заклучно со јуни, од Турција во земјава се влезени само 4,5 милиони евра.

НБМ вчера ги објави најновите податоци за нивото на странски инвестиции, кои покажуваат дека бројките се поразителни. Во земјава заклучно со септември влегле 111,4 милиони евра странски капитал, но на

акционерски капитал и на реинвестирана добивка отпаѓаат 74,3 милиони евра, а побарувањата и обврските на странските фирми што работат во земјава изнесуваат дури 137 милиони евра. Само во септември влегле 14,6 милиони евра. Најлоши месеци годинава беа јули кога се повл��кле 50 милиони евра и февруари, кога исто така се одлеал странски капитал во висина од 22 милиони евра. Професорот Ѓорѓи Гоцков вели дека годинава резултатите се лоши токму поради тоа што и оние странски компании што работат во земјава го одлеале капиталот кај нивните газди. „Споредено со истиот период од 2009 година, странските директни инвестиции се намалени за 20 отсто. Она што е карактеристично, а што доведе до низок износ на странски директни инвестиции во 2010 година е намалената кредитната подршка на странските фирми мајки на своите ќерки во Македонија, односно отсуствува финансиската поддршка на странските сопственици на своите фирми во Македонија, нешто што беше особено изразено во претходните години. Зголемено е кредитирањето што нашите фирми го даваат на нивните сопственици во странство, односно во 2010 година имаме процес на повлекување на ликвидност на странските сопственици со оглед дека тие се соочуваат со ликвидносни проблеми поради општата финансиска и економска криза. Отсуство на нови странски директни инвестиции, надополнето со изразен одлив на средства во вид на исплатени дивиденди во странство, се причините за нискиот износ на инвестиции во земјава“, вели Гоцков, професор на Економскиот факултет во Скопје.

Иако за Владата, главниот виновник за ниското ниво на инвестиции е кризата, факт е дека Македонија никако да се најде на инвеститоирските мапи на странските компании, за разлика од соседните земји. На пример, во Хрватска во првата половина од годинава влегле 653 милиони евра, а се очекува до крајот на годинава бројката да достигне 1,3 милијарди евра. Србија за осумте месеци привлекла 800 милиони евра странски инвестиции, Албанија 600 милиони евра за деветте месеци, а во осумте месеци од годинава во Бугарија влегле 850 милиони евра. Црна Гора , пак, заклучно со август имала 385 милиони евра




#
Статијата е прочитана 1128 пати.

Испрати коментар

Од: Следач на политичките неприлики
Датум: 16.12.2010 12:16:30
Во моментот истовремено постојат Агенција за странски инвестиции и промоција на извозот, Агенција за развој и инвестиции, министер без ресор задолжен за странски инвестиции, а како што гледаме имаме и заменик на претседателот на Владата задолжен за странски инвестиции. Треба еднаш нашите политичари да седнат и да ја сопрат оваа инфлација од органи и функционери (а да и администрација која ги следи), кои и онака појалови и од на дедо ми кравата!
Од: dame
Датум: 16.12.2010 13:28:53
mizerija e promotorot vo rusija veze nema covekot,da se ogleda na drugite promotori koi vo svoite zemji nosat ruski investicii ,toj e bruka nevidene da go prasas neznae da ti kaze kako se vika
Од: Даниел
Датум: 16.12.2010 13:51:25
Главни причини зошто немаме странски инвестиции се: корумпирана бирократија и корумпирано судство.
Од: Г-ѓа Министерка- од Нушиќ
Датум: 16.12.2010 15:05:37
Госпоѓа МИнистерка од Б.Нушиќ одамна не е видена во театар во Македонија. Се разбира игра во живо, но како огледало дајте иницијатива да се приказе на ТВ и во театар барем на филмско платно ако треба...
Од: Tehnoloski
Датум: 16.12.2010 15:46:49
Dali ako site investicii se nameneti za vo Bunardjik nie so sme od drugite gradovi komotno da si se preselime vo Skopje ili pak drzavata neka ni napravi stanovi vo blizina na Bunardjik pa neli site ke rabotime tamu, do koga drugite gradovi ke kutat

Најди! во Утрински
Економија
Контролорите уморни - безбедноста под прашалник
Ќе се плаќа данок според паушален приход
„Мамас“, со амбиција за Менхетен
Доматите и лукот, најмногу поскапеле
Усвоен буџетот на ЕУ за 2011 година
 

Macedonia prepares for politically sensitive census
Bulgarian leaders clash over foreign diplomats with Communist spy links
Romanian opposition has a 'clinical obsession' with ousting president Basescu