|
|
|
|
|
|
Контролорите уморни - безбедноста под прашалник
Професијата бара целосна концентрација, посветеност и сериозност поради густината на сообраќајот
Контролорите на летање предупредуваат дека е доведена во прашање безбедноста на македонското небо, бидејќи се принудени да работат повеќе работни часа од дозволеното. Независниот синдикат на „Македонска навигација“ укажува дека постои опасност од настанување авионски несреќи поради замор кај контролорите на летање што извршуваат сложени работи за безбедно, редовно и експедитивно водење на воздушниот сообраќај. Контролорите, предупредуваат од Синдикатот, подолг временски период работат под притисок на директорите во контролата на летање, предизвикано со намерно непочитување и прекршување на работното време.
За ова пред неколку месеци бил информиран и Инспекторатот за труд, а оттаму било констатирано дека во периодот јули, август и септември во 2010 година контролорите работеле подолго од законски утврденото работно време. „Професијата бара целосна концентрација, посветеност и сериозност поради густината на сообраќајот, брзината на настаните и опасноста од безбедносни ризици што се поврзани со работата на контролорите на летање, велат од Синдикатот, каде што причините за состојбите во М-НАВ ги гледаат во нестручниот раководен кадар што се вработува по партиска линија.
Во „Македонска навигација“, пак, велат дека работното време на контролорите на летање било усогласено со Законот за воздухопловство, откако добиле решение од Државниот инспекторат за труд. Оттаму негираат дека поради работното време на контролорите на летање била загрозена безбедноста на македонското небо ниту, пак, дека има какви било казнени мерки предвидени од Државниот инспекторат за труд. (С.Н.) |
#
|
Статијата е прочитана 643 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: Jasme |
Датум: 16.12.2010 12:43:00 |
|
Епа, толку има гужва на главниот аеродром во Македонија, па дури по десет полетаат и по десет слетаат на ден, тоа е замор да се контролира, еј луѓе! Нема кога контролорите кафе да се напијат за да се рашенат! |
|
|
|
|
|
|
Од: aleksandar |
Датум: 16.12.2010 13:36:55 |
|
покрај полетување/слетување контролорите го контролираат и целиот македонски воздушен простор, а тоа значи координирање на сите авиони кои во моментот го прелетуваат нашето небо. сакав да појаснам. лесно е да си циничен... |
|
|
|
|
|
|
Од: Martin |
Датум: 16.12.2010 13:41:10 |
|
Ne e samo vo prasanje sletuvanjata i poletuvanjata od nasive aerodromi, tuku se smetaat i tie sto pominuvaat niz nasiot vozdusen prostor... taka da ne se zaletuvaj se komentari... |
|
|
|
|
|
|
Од: Krste |
Датум: 16.12.2010 13:43:22 |
|
Kako ne im e sram da se zalat, zemaat plata od 80.000 den, a rabotat sekoj vtor den (ili sekoj den) i toa 3saati rabota+1saat odmor+2saati rabota. Neka se sporedat so vrabotenite vo drugi firmi pred da se zalat kolku im e na niv tesko |
|
|
|
|
|
|
Од: stevce |
Датум: 16.12.2010 13:53:46 |
|
aman bre so tolkavi plati i efektiva od 65 rabotni casovi mesecno se umorni bre bre bre...
pa dobro stom barate belki ke dobijete... |
|
|
|
|
|
|
Од: од мене |
Датум: 16.12.2010 14:10:13 |
|
Чудо е македонскиот ген, никој не гледа како да му биде поарно, секој се чуди како на тој што му е добро, да му биде полошо. Сигурно тие 32 часа работна недела не ги измислиле самите контролори, туку е некој меѓународен стандард. Ама колку македонци знаат што е меѓународен стандард, тоа е прашањето. Трагедија! |
|
|
|
|
|
|
Од: bivshi MK kontrolor |
Датум: 16.12.2010 14:54:10 |
|
Dali se normalni, so 2 sektora i eden lokalen aerodrom-terminal i 100 (stoo kontrolori)....koj kogo ovde zaebava....pogledajte gi statistikite po svetot, na eden chas kontolori vodat po svetot vodat isto tolku kolku shto 4 smeni na skopskata kontrola za 24 chasa....koj ja pratil ovaa propaganda...na nashiot oblasen centar i aerodrom ne treba poveke od 30 kontrolori sose instruktori....i imaat 120 000-150 000 denari plata a ne 80,000...zemjo Makeodonija, shto se plakash ti |
|
|
|
|
|
|
Од: Filip Popovski |
Датум: 16.12.2010 23:22:18 |
|
Ne tropajte mnogu otepani sme od rabota, platite ni se tapa ne ni stigaat ni za edna rata za HONDA ACCORD pa morame da se samo finansirame i da se potpomagame so pari od sindikat, i zatoa ve molamdonirajte uste nekoja para da ja doplatime HONDATA |
|
|
|
|
|
|
|
|