Број 3458  четврток, 16 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
Економија

Ќе се плаќа данок според паушален приход

Занаетчиите, верските лица и граѓаните што извршуваат самостојна дејност, а не се во состојба да водат деловни книги или на кои водењето на деловните книги им го отежнува вршењето на дејноста, имаат право да го плаќаат данокот на доход за 2011 година според паушално утврден нето-приход. Услов за тоа е да поднесат Барање за паушално плаќање на персоналниот данок на доход најдоцна до 31 декември годинава.

За да се искористи оваа можност, даночните обврзници треба да не вршат трговска, угостителска и комисиона дејност (освен обврзникот што врши трговска дејност исклучиво преку продажни места на организирани зелени пазари). Исто така, треба да не вработуваат други лица, во дејноста да не вложуваат и други лица и да остваруваат нето годишен приход од вршење дејност во износ до две просечни годишни плати.

Доколку се исполнети сите услови, УЈП му го утврдува паушалниот нето-приход на кој се пресметува персоналниот данок на доход на самостојниот вршител на дејност. Притоа, предвид ги зема местото каде што се наоѓа деловната просторија, опременоста на просторијата, пазарните услови во кои се врши дејноста, површината на деловната просторија, староста и способноста на обврзникот, големината на нето-приходот на обврзникот, кој под исти или слични услови врши иста или слична дејност и други околности што влијаат врз остварувањето на добивката.

Доколку во текот на 2011 година се измени некој од условите за паушално оданочување, УЈП во наредната година ќе ги задолжи самостојните вршители на дејност да водат деловни книги. (Ек.Р.)


#
Статијата е прочитана 1090 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Економија
Контролорите уморни - безбедноста под прашалник
Пешевски станува главен и за инвестициите?
„Мамас“, со амбиција за Менхетен
Доматите и лукот, најмногу поскапеле
Усвоен буџетот на ЕУ за 2011 година
 

Macedonia prepares for politically sensitive census
Bulgarian leaders clash over foreign diplomats with Communist spy links
Romanian opposition has a 'clinical obsession' with ousting president Basescu