Свечен собир во ДПМ во чест на Димитрија Миладинов
Друштвото на писателите на Македонија денеска организира свечен собир по повод 200-годишнината од раѓањето на македонскиот преродбеник Димитрија Миладинов (1810–2010).
Како што соопштуваат од писателската асоцијација, за животот и делото на Димитрија Миладинов и за неговата улога во македонската национална и културна историја, ќе зборува Веле Смилевски, претседател на Собранието на Друштвото на писателите на Македонија, актерката Билјана Беличанец–Алексиќ и Симон Беличанец ќе читаат песни од Зборникот на браќата Димитрија и Константин Миладиновци, наречен „Златна книга на македонската преродба”, а програмата ќе биде збогатена со настап на млади флејтисти од класата на професорката Бети Станковска. (Н.П.) |