Број 3038  петок, 17 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Хроника

Шверцери на луѓе низ земјава уапсени во Србија и во БиХ

Уапсени се 24 лица, кои изминативе шест месеци заработиле околу 300.000 евра

Дваесет и четири лица се уапсени поради трговија со луѓе во големата акција на српската и на босанската полиција, во која помогнаа полициите на Хрватска и на Словенија, како и царините на 13 земји од Југоисточна Европа. Српското министерство за внатрешни работи соопшти дека станува збор за шверц на турски и на албански државјани кон земјите на Европската унија, наведувајќи дека рутата минувала и низ Македонија. Според истрагата, досега успешно биле прошверцувани повеќе од шеесетина илегалци, за што шверцерите наплатиле околу 300.000 евра.

Меѓународната полициска акција, што започна на почетокот на годината, резултираше завчера кога беа уапсени 24 члена на криминалната група.

„Акцијата се однесуваше на спречувањето на шверцот на албански и на турски државјани од Турција, Македонија, Србија, Црна Гора, Хрватска, БиХ и натаму кон земјите од ЕУ“, се вели во соопштението на српското МВР.

Половина од уапсените се фатени во Србија, а половина во БиХ. Меѓу оние кои и' паднаа в раце на српската полиција се и Џелал Сулејмани (39) од Прешево, кој се смета за организатор на шверцерскиот синџир, како и Неџат Ибрахими (37) од Бујановац, кој се грижел за трансферот на пари меѓу припадниците на криминалната група и за комуникациите. На овие двајца, како и на останатите членови на групата, им е одреден дводневен притвор.

Истрагата утврдила дека организаторите спроведувале групи од четири до осум мигранти, главно, малолетници од Албанија, кои преку добро востановени рути пристигнувале во Трст. (Г.А.)


Статијата е прочитана 377 пати.

Испрати коментар

Од: jimmy1
Датум: 17.07.2009 11:00:00
Povtorno se uapseni milenicite na zapadot, "zagrozenite". Odavna se znae deka toa im e najosnovnoto zanimanje, droga, sverc, krimainal, ubistva i red drugo. Stom tie se deklariraat kako albanci, i vo mediumite da gi pisuvaat kako albanci, zosto nie site makedoncite poradi nivniot kriminal da dobivame negativno mislenje od svetot za site nas, koi site posteno i cesno gi namiruvame davackite prema drzavata. Ova sto go pravat e znak deka nema svest vo taa nacija i nikogas nema da pridonesat nesto dobro za makedonija. Vladata treba da vovede postrogi kazni, pa ako e potrebno i dozivotna robija.

Најди! во Утрински
Хроника
Тројца повредени во Куманово
Единаесет Срби загинаа во Египет
Две деца се удавија во Претор
Судијката без имунитет, но и без притвор