Број 3038  петок, 17 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Хроника

Судијката без имунитет, но и без притвор

Судскиот совет не донесе одлука со која на судијката од Основниот суд во Штип, Лилјана Јанков, ќе може да и' се одреди притвор за аферата во која се инволвирани татко и син од Радовиш. Тоа значи дека судијката останува без имунитет, но оти во натамошниот тек од кривичната постапка, во која таа се товари за сторена злоупотреба на службената положба и овластување, ќе може да се брани од слобода.

Освен судијката Јанкова, за злоупотреба на службената положба ќе одговараат уште тројца други вработени во катастарот, но и тие се здобија со можност во натамошниот тек од постапката да се бранат од слобода.

Единствените кои уште од минатиот понеделник се во 30-дневен притвор се таткото Кирил (56) и синот Марјан Сарамандов (32), познати бизнисмени од Радовиш. Тие се осомничени дека преку компанијата „Радовишки пазар“ станале мнозински акционери на АД „Хунап“ со изигрување на другите акционери, но и на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. Според МВР, со незаконското работење тие се здобиле со имотна корист од 200.000 евра, а имотот на „Хунап“, во кој спаѓа и хотелот „Панорама“, станал нивна сопственост. (Љ.С.)


Статијата е прочитана 696 пати.

Испрати коментар

Од: meto
Датум: 17.07.2009 10:54:40
Sramota,SUDIJKATA treba vednas da se smesti vo PRITVOR.Ova li e praven SISTEM,vo pritvor odat za 500 evra,a ne za ovaa suma za koja se goni.IMOTOT da i se PREISPITA i ZAPLENI.

Најди! во Утрински
Хроника
Тројца повредени во Куманово
Единаесет Срби загинаа во Египет
Две деца се удавија во Претор
Шверцери на луѓе низ земјава уапсени во Србија и во БиХ