Број 3038  петок, 17 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Хроника

Тројца повредени во Куманово

КУМАНОВО - Три лица се повредени во инцидент што завчеравечер се случи пред дискотеката „Нота бас“ во Куманово.

СВР-Куманово вчера соопшти дека во средата вечер, околу 20 часот, пред дискотеката на улица „Трета македонска ударна бригада“ во Куманово, сопственост на браќата Г.О. (28) и Л.О. (19) од кумановското село Опае, пристигнале четири лица од Арачиново и тоа А. С. (20), Д. З. (31), Ш. М. (34) и А. Б. (24). По кратка расправија групата арачиновци со метални шипки го нападнале постариот брат Г.О. пред влезот во дискотеката. На нападот реагирал помладиот брат Л.О., кој влегол во дискотеката да земе пиштол и на излегување истрелал четири куршуми во насока на групата од Арачиново. Три куршуми завршиле во стомакот и еден куршум во ногата на А.Б. од Арачиново.

Потоа групата од Арачиново набрзина го зела ранетиот А.Б. и се упатила кон Скопје. На влезот во Арачиново групата е пресретната од страна на тамошната полициска патрола. Ранетиот е пренесен во Ургентниот центар во Скопје, а останатите тројца арачиновци се приведени на распит во полицијата.

Мотивите за инцидентот во Куманово се утврдуваат, а неофицијално се зборува дека се во прашање нерасчистени должничко-доверителски односи. (Ст.Б.)


Статијата е прочитана 565 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Хроника
Единаесет Срби загинаа во Египет
Две деца се удавија во Претор
Судијката без имунитет, но и без притвор
Шверцери на луѓе низ земјава уапсени во Србија и во БиХ