Број 3361  среда, 18 август 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Хроника

Суспендираниот началник и натаму доаѓа на работа

Цветан Божиновски не само што се појавува на работа туку и натаму активно учествува во работењето на колигиумите во МВР

Љубиша Станковиќ

Цветан Божиновски, кој од минатата недела поради познатите настани во скопско Мралино се води како суспендиран, и натаму доаѓа на работа и притоа активно ��чествува во работењето на стручните колегиуми.

За официјално суспендираниот началник на Одделот за општ криминал, кој пред десетина дена му извади око на свој близок роднина, по се' изгледа дека не важат правилата на службата. Имено, во Министерството за внатрешни работи по се' изгледа се водат некакви игри што дозволуваат Божиновски и натаму да присуствува и активно да учествува во работењето, со тоа што присуствува на стручните колегиуми.

Според наши сознанија, официјалната суспензија наредена токму од директорот на Јавна безбедност, се однесува на местото началник на општ криминал, каде што Божиновски е поставен со усна наредба. Всушност, неговото напредување во кариерата е запрено само за местото каде што требало да замине, но, тоа, најверојатно, не однесува и на местото началник на насилен криминал, односно на функцијата што навистина ја извршува.

За целата приказна да добие уште поинтересен тек, свој придонес има и новата функција на Ацо Здравковски, кој од местото началник на Одделението за недозволена трговија, сега е на функција вршител на должност на Одделот за општ кри��инал. Станува збор за лице што важи за близок пријател и соработник на сега суспендираниот Цветан Божиновски, исто како и Горанчо Савевски, помошник-министар за оператива на Град Скопје.

Инаку, од МВР велат дека и натаму остануваат на она што претходно го објави Секторот за внатрешна контрола и внатрешни стандарди и зад одлуката на директорот на Јавна безбедност, со која тој беше суспендиран. Но, оттаму и натаму не соопштуваат кое е второто лице што било со Цветановски кога брутално бил претепан неговиот братучед Горан Трајковски. Зошто овој податок го крие МВР и зошто Божиновски и натаму доаѓа на работа, и покрај тоа што е суспендиран лично од неговиот прв претпоставен се прашања на кои ќе треба да се чека одговор.

Името на Цветан Божиновски најпрво се пренесе во јавноста по неговите покани упатени до пратениците Весна Бендевска и Владо Бучковски, а со кои се бараше тие да се појават на информативен разговор по настаните што се случија во македонското Собрание. Пред само петнаесетина дена Божиновски беше обвинет од свој братучед дека бил претепан и притоа за навек му го оштетил видот на едното око, само поради фактот дека крај дуќанот на тепаниот Горан Трајкоски требало да се отвори спортска обложувалница.

Една недела по настанот, Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди, а по изведување на сите докази, донесе решение за негов кривичен прогон поради нанесување тешки телесни повреди, а директорот на Јавна безбедност го суспендира осомничениот и го упати на комисија за отказ.


#
Статијата е прочитана 1776 пати.

Испрати коментар

Од: VELESANKA JAP@MSN
Датум: 18.08.2010 07:25:52
Osven da se kaze deka ova e golem stram za MNR NEMA MESTO ZA DRUGA DISKUSIJA....
Од: јас
Датум: 18.08.2010 12:37:56
И истото ова МВР заедно со Бичиклиски ќе излезат на прес-конференција и ќе не ’ убедуваат дека тие се ЕПТЕН професионалци!!! Професионално го прекршуваат законот !!

Најди! во Утрински
Хроника
Сендвичарниците чуваат месо и мајонез на високи температури
На ифтар со пиштол ранил соселанец
Штипјани нападнале полицајци во Охрид