Штипјани нападнале полицајци во Охрид
ОХРИД - Двајца полицајци од Охрид биле претепани од неколкумина во инцидент што се случи вчера околу два часот во кафуле во центарот на Охрид. Како што соопшти СВР - Охрид, до инцидентот дошло кога П.Д. (55) и А.Ф (29) од Охрид поради кавга за стол од шанкот, физички го нападнале П.Ш. (28) од Австралија. За да се смири ситуацијата, интервенирале двајца полициски службеници од ПС - Охрид. Но, група од седум лица (тројца охриѓани и четворица штипјани) што се наоѓале во кафулето ги спречиле полицајците да ги приведат тепачите, ги нападнале, а на еден од нив му ја скинале полициската униформа. Набргу пристигнало полициско засилување и насилната група била приведена.
Неофицијално дознаваме дека лицата од Штип што учествувале во инцидентот од неодамна биле вработени во тамошниот затвор. (М.Т.)
|