На ифтар со пиштол ранил соселанец
Гостивар – Пред селската џамија во гостиварското село Чајле, пред ифтар, од задоволство, Р.З. испукал еден куршумот во воздух, но, за несреќа, го повредил својот соселанец, кој завршил во Клиничкиот центар во Тетово. Повредениот е надвор од животна опасност.
Несекојдневниот настан се случил завчера, околу 19,30 часот, кога пред селската џамија 60-годишниот Р.З. извадил од појасот пиштол ЦЗ, со калибар 6,35 мил��метри, и испукал еден куршум во воздух. Куршумот му нанел прострелна рана на десната рака на неговиот соселанец Х.Џ. (46), кој во тие моменти бил на триесетина метри од него. Пиштолџијата самиот се пријавил во ПС – Гостивар. (К.К.)
|