Број 3462  вторник, 21 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
Политика

Првиот струмичанец влезе во Собрание

„Изјавата на Зоран Заев �� страшна и ги демотивира луѓето што немаат партиска книшка ниту од ВМРО-ДПМНЕ ниту од СДСМ“, истакна вчера Андреј Жерновски од ЛДП во собраниската дебата за новините во Законот за организација и работа на органите на државната управа. Провокативната изјава на градоначалникот на Струмица и потпретседател на СДСМ, Заев, во врска со вработувањата во јавната администрација отвори дебата во парламентот. Надица Танчева-Тулиева од ВМРО-ДПМНЕ побара од пратениците на СДСМ да се оградат од изјавата на Заев и да почнат „демократски да се однесуваат“. Цветанка Иванова од СДСМ, пак, предупреди дека со влегувањето на законот во сила вработените во јавната администрација ќе видат што покривал, всушност, ВМРО-ДПМНЕ.

„Партизацијата на администрацијата во последниве четири години достигна невидени размери“, рече социјалдемократот Владо Бучковски. Тој нагласи дека кога ќе дојде до промена на власта, СДСМ ќе ја скрати администрацијата, но не со сите што се примени, туку само со оние што се примени спротивно на законот, кои се почетници, кои не завршиле факултет, а се на раководни позиции и немаат никакво искуство. (Д.Р.)


#
Статијата е прочитана 1609 пати.

Испрати коментар

Од: Zoki
Датум: 21.12.2010 13:08:37
Ne se sekiraj be Andrej. Pa ete ti ne si ni od VMRO DPMNE ni od SDSM, pa si na naroden grb cel zivot, a verojatno tamu i ke ostanes.
Од: Збогум СДСМ
Датум: 21.12.2010 13:42:19
Собранието треба да распише предвремени локални избори за Струмица!
Од: Трпе
Датум: 21.12.2010 14:45:46
По 4 години бладеење на Груевси и дпмне-овците,мораше да биде прифатен и нивниот речник.Со културно однесување нема ре��ултати.Во македонија е докажано дека клин со клин се избива.За ваква порција пронајдена е вилушката.
Од: влатко
Датум: 21.12.2010 15:11:33
Што толку скокате де? демек живи ќе ве јадел, бре голема работа, какви се зборови се немат кажанo ама пусто тешко им падна на оние што се примени во последните 4години во администрацијата!! Па затоа падна СДСМ во 2006, не дека остави дупка во буџетот или незнам колку лошо работеа, тие не запослија никој од нивното гласачко тело. Едноставно се држеа до девизата дека треба да се штеди и готово! е кога дојдоа сега неовмро-ците, им дадоа на сите да разберат. кажете еден што е примен во админисtрациа без книшка ..ајде де ? еден?нема, секаде се вработуваат по партиска линија, дури и во приватни фирми каде газдите се вмро-ци се обврзани само нивни да примат...и нормално револтот е присутен..што толкава фама се дигна? е кога ке дојде ред да ги тестираат по новиот закон...тогаш ќе си одат сите и тоа според законот-па немат елементарно познавање ...и така кога ќе видиш човеkот си беше реален, а сето тоа им пречи само на портокаловите!!!!
Од: aha
Датум: 21.12.2010 15:12:42
da odma ke raspise sobranieto predvremeni izbori vo strumica, i sto mislite vmro da ne pobedi slucajno.
Од: Biba
Датум: 21.12.2010 15:38:03
Prviot strumicanec vleze vo sobranie na najlos mozen nacin t.e. so skandalozna izjava., golema steta za nego i za negovata partija.
Од: ljupce
Датум: 21.12.2010 21:03:15
Daj boze da ima predvremeni lokalni izbori co Srumica!!!Zoki ja "izede" Silvana so 7500 glasa razlika,koj e sledniot???
Од: Realist
Датум: 22.12.2010 05:58:40
A da ne bea rodnini Boneva i Zaev nekako mi izgleda svatovska vrska.

Најди! во Утрински
Политика
Сите ги знаат „пушачките“ кафеани, ама никој ништо не им може
Политиката на секоја држава треба да биде балансирана
Од Заев се „исплашија“ и Синдикатот и Унијата
Дивоградбите ќе прават проблеми
Ахмети не си замина
 

What will 2011 bring for the Western Balkans?
Last news update on WAZ.EUobserver
Croatia moves closer to concluding EU accession talks