Број 3462  вторник, 21 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
Политика

Ахмети не си замина

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, до вчера попладн�� не се одѕва на барањето на претседателот на Албанскиот сојуз, Валон Беља, да замине од политичката сцена. Беља во саботата му постави ултиматум на Ахмети во рок од 48 часа да си оди од политиката или во спротивно ќе ги објавел оригиналните досиеја со кои се докажувала неговата соработка со службите.

Откако вчера на пладне, без исход, истече ултиматумот, Беља реши да му даде уште една шанса на Ахмети и рокот го пролонгира за уште 12 часа, односно до полноќ. Ако и дотогаш не се повлечел, претседателот на новата партија на Албанците најави дека денеска, дефинитивно, ќе ги обелодени документите. Вицепремиерот Абдулаким Адеми вчера не одговори дали Ахмети планира да се повлече, туку, нарекувајќи го сателит на Мендух Тачи, му порача на Беља да си ја гледа „таканаречената партија“.

„Уште на промоцијата на таканаречената политичка партија ние констатиравме дека таа е нарачана. Тој е сателит на Тачи, кој се обидува да дискредитира политички личности, особено оние што во 2001 година успешно ја завршија борбата и победија. Би му сугерирал ако навистина сака да биде претседател на некоја партија да не се занимава со вакви ниски работи и со дискредитации, туку да ја промовира партијата и да понуди програма“, изјави вчера вицепремиерот Адеми.

Беља во саботата рече дека некој му оставил пред врата материјали за Ахмети и оти тоа биле оригиналните документи со кои се докажувала соработката на лидерот на ДУИ со тајните служби. Се' уште не се знае дали Беља планира да го предаде досието до Комисијата за лустрација.

Претседателот на Комисијата за лустрација, Томе Аџиев, вчера ни изјави дека не го добиле досието од Беља. „Ако ни го достави Комисијата ќе го разгледува и ќе заземе став, дали е тоа оригинално или не. Тој нешто најавува, што најавува не знаеме, досега немаме ништо. Се' додека не видиме, не можеме ништо да тврдиме“, вели Аџиев. (Св.У.)


#
Статијата е прочитана 869 пати.

Испрати коментар

Од: ftoni
Датум: 22.12.2010 11:12:31
ko bajagi ja pravite rabotata na lustracijata, a be katastrofa ste, vie vrsite simulacija na lustracija i nisto drugo ne ste tuku prodolzena raka na vlasta. originalite izlegoa i vie ke ste raspravele po niv. da vi dostavi edinstveniot primerok pa da gi skriete i da se zamolknat slucaite. katastrofa za site pa i za vas.

Најди! во Утрински
Политика
Сите ги знаат „пушачките“ кафеани, ама никој ништо не им може
Политиката на секоја држава треба да биде балансирана
Од Заев се „исплашија“ и Синдикатот и Унијата
Дивоградбите ќе прават проблеми
Првиот струмичанец влезе во Собрание
 

What will 2011 bring for the Western Balkans?
Last news update on WAZ.EUobserver
Croatia moves closer to concluding EU accession talks