Број 3045  сабота, 25 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Од бележникот...

Саде кафе на Ледра стрит во Кипар

Да бидете во Левкоша, односно Никозија на грчки, а да не се обидете да поминете во другиот дел, е најмалку лудо

Димитар Чулев

Олду Онур има 22 години, се' уште нерегулиран статус на Северен Кипар и голема желба да ги помине оние 55 чекори колку што е долга Ледра стрит - еден од премините отворени минатата година - кој светот ги оцени како почеток на попуштање на затегнатоста меѓу турскиот и грчкиот дел од островот Кипар по 35 години. Работи во слаткарницата „Ред чери“ („Црвени цреши“), каде што најредовни гости се службениците од контролниот пункт... Малата слаткарница, до пред една година само неугледен угостителски објект залепен до оградата од бодлива жица по должината на „зелената линија“, стана позната минатиот август, кога претседателите на непризнаената Турска Република Кипар и на европската членка Република Кипар, Мехмед Али Талат и Димитрис Христофијас, лани ја отворија Ледра стрит.

„Денеска има малку гости, веројатно поради топлото време (46 Целзиусови степени), но можеби и поради националниот ден што го слави Северен Кипар по повод 20 јули 1974 година, кога турските сили се истоварија на островот во обид да го заштитат турското малцинство од обидот на грчката хунта во политичката операција „Енозис“ да го спои островот со Грција врз основа на наводниот хеленски карактер на ова парче островска земја во Медитеранот.

Седиме во слаткарницата и пиеме саде кафе (без шеќер). На две маси од нас блондинка, длабоко навлезена во 50-тите години, која говори грчки на телефон и зборува турски со останатите, љубезно ми објаснува дека има шест чекпоинти отворени на „зелената линија“ на разграничување помеѓу северен и јужен Кипар. Помеѓу непризнаениот од светот северен дел и, сега веќе, европската држава и ЕУ-членка - Република Кипар. Прашува од каде сум, велам Македонија, и блодинката одеднаш се претставува како Роза од „хасковските села“ во Бугарија. Дошла овдека пред 22 години, наводно, работи како преведувач на дури шест јазици, а турското име и' е Дениз.

Фасцинантно е да се биде на местото кое странските агенции минатиот август го одбележаа како центар на светот отворено по 34 години „студенило“ меѓу сев��рниот и јужниот дел на Кипар. Како гости на властите од Турска Република Северен Кипар годинава по повод 20 јули, во Левкоша (грчки Никозија) допатуваа 54 новинари од триесетина земји. Идејата на (турските) кипарски домаќини е да ја објаснат каузата за нивната држава, која е призната единствено од Република Турција, а во меѓународната политичка карта северниот дел од островот каде што живеат 260.000 лица е одбележан како „бело петно“.

Чекорот од „седум милји“ направен минатата година во форма на отворање на чекпоинтот Ледра, всушност, е само парче улица во центарот на некогаш заедничкиот град. Облепена лево и десно со најлонски кеси, преминот во кој се наоѓаат веројатно најскапите квадрати на островот Кипар изгледаат жалосно. Продавници без излози, жардинерии кои не красат туку определуваат насока на движење, полицајци наместо продавачи на сувенири на едниот и на другиот крај.

Од Северен Кипар дневно поминуваат приближно 6.000 кипарски Турци, кои во побогатиот југ наоѓаат можност да заработат. „Дневно доаѓаат барем пет-шест пати помалку грчки Кипрани“, вели за „Утрински весник“ актуелниот претседател на Турската Република Северен Кипар, Мехмед Али Талат. „Имам понекогаш впечаток дека тие едноставно не сакаат да се дружат со нас“.

Минатогодишното отворање на премините (сега е во фаза отворањето на уште еден) беше огромен напредок за приближувањето на двата етнички поделени дела од островот, во спорот кој светот го препознава како кипарски проблем. Долгорочен, стар три и пол децении, без видливи индиции дека наскоро би можел да биде решен. Пред пет години, пролетта пропадна планот на тогаш актуелниот генерален секретар на Обединетите нации, Кофи Анан, за реунификација на островот. Кипарските Грци одиграа на помалку подмолната карта дека доколку на референдумот паралелно одржан во двата дела од островот едната страна биде против, ќе следува прием на Република Кипар (грчкиот југ) во Европската унија. Само да потсетиме, токму грчките Кипрани беа кои гласаа против и како награда за тоа добија членство во Унијата.

Да бидете во Левкоша, односно Никозија на грчки, а да не се обидете да поминете во другиот дел, е најмалку лудо. И обратно, од професионален аспект и логика на новинар. Одиме со моите две новостекнати пријателки и новинарки, Дениса Угроиу, Романка со француски пасош, која живее во Финска, и со Реета Паакинен, Финка по националност и актуелен дописник на „Хуриет“ од Истанбул. Не им се верува дека погранични власти на Република Кипар, лоцирани „на европската страна(?!)Ледра, би направиле каков било проблем доколку новинар со пасош од една европска земја (Македонија) едноставно се обиде на два часа да помине „на југ“ и да испие кафе во Никозија.

Многу љубезниот корпулентен службеник на грчкиот премин најљубезно, по шокот по земањето на македонскиот пасош в раце, ме замолува да се вратам назад. Шенген-визата, поседувањето грчка виза како доказ дека можеби можам да транзитирам низ Република Кипар со можност да се вратам дома преку Грција, плус разговорот на грчки не помагаат да го „омекнам“ типот во сино. Добивам пријателско предупредување да не пробувам одново влез во Република Кипар, бидејќи на островот сум слетал преку „непостојниот аеродром ’Ерџан‘“ во меѓународно непризнаениот Северен Кипар. Моите пријателки инсистираа дека ова е глупост во рамките на ЕУ (а Кипар од 2004 година е членка на ЕУ), но, на крајот, преовлада убедувањето дека можеби имам можност да ја посетам Република Кипар (грчкиот дел), но доколку добијам легална виза... Тоа што македонските граѓани го имаат хендикепот Република Кипар да ја „покрива“ Македонија од Шпанија или Португалија (не сум сигурен) не е нивна вина.

Но, Јашар, таксист (59), е задоволен од комуникацијата која сега се одвива меѓу двата дела. „Има странци оттаму и одовде кон југот... се врти некој бизнис“. Тој се' уште ги памети времињата и 1974 година, кога поранешната британска колонија Кипар, дефинитивно, се подели по должина на „зелената линија“. Велат, британски офицер со задача да ја определи „бафер-зоната“, која би ги спречила инцидентите меѓу двата етникума, лежерно побарал молив... Тоа што моливот бил зелен е причина за еден од најдолгорочните неразрешени спорови. Јашар не сака да говори за политика, но смета дека за него е прифатливо извесна форма на федерација меѓу двата ентитета во заедничка држава, но само доколку двата конституента се еднакви. „Едноставно кажано, нека ��стане се' како што е сега и секој на своето со право да правиме трговија, бизнис и да развиваме туризам“.

Хусеин Мархоен, новинар од Катар, беше еден од најзаинтересираните меѓу 54-те новинари кој минатата недела го посетија Кипар во рамките на манифестацијата за одбележување на 35-годишнината од „отцепувањето“ на Северен Кипар од останатиот дел од островот. Добро платен (десетпати повеќе отколку во неговата земја Јордан) со месечни примања над седум илјади евра... вели дека барем трипати оваа година го посетил островот, бидејќи има најави дека токму Катар може да се појави како медијатор за разрешување на грчко-турскиот спор околу Кипар. „Малку е познато, но Катар досега релативно добро посредувал во споровите меѓу Судан и Дарфур, Судан и Еритреја, во смирувањето на непријателството меѓу политичките партии во Либан е дело на катарските власти, во тек е медијаторство меѓу Судан и Чад, многу е извесно наскоро во Доха (главниот град на Катар) да се најде и кипарскиот проблем.

„Релативно сме добри во тоа“, вели Хусеин...

Олду Онур не знае кога ќе се случи тоа. Се надева дека се ќе среди и ќе замине еден ден „долу“ каде што негови другари, и покрај економската криза, заработуваат по 500-600 евра на градежни работи. „Сакаме соработка, но секој да остане на својот дел од островот. Тоа е решението“.


#
Статијата е прочитана 1498 пати.

Испрати коментар

Од: Timo
Датум: 25.07.2009 00:29:45
Treba poveke vakvi tekstovi. Bravo
Од: Mene do Vas
Датум: 25.07.2009 01:27:02
Bravo Maestro! Dobivame slika kakov e svetot okolui nas. Sade problemi so Grekos Manijakis. Ce ziveat edni do drugi no nikako zaedno. A nas ne teraat na sozivot. Ha ha ha
Од: nikoal
Датум: 25.07.2009 02:06:50
Ubava reportaza i opis na realnosta. Problemot so kipar e voobicaen problem koj go imaat zenjite pobednicki po balkanskite vojni. Im bese dadeno poveke odosto mozea da apsorbiraat. Grcija pokraj Egejskiot del na Makedonija gi dobi i site ostrovi do samiot turski breg. Najlesno ke se predoci sostojbata na primer ako site ostrovi na Jadranskiot breg namesto na Hrvatska i pripagjaat na Italija. Normaln e deka kiprijanite, fizicki mnogu poblisku do Turcija deka ke tezat da se priklucat kon maticnata drzava. Grcite fizicki se razvlecenii niz okupiranite teritorii i nemaat bioloska zila da gi cuvaat vo oviie moderni vreminja na stariot nacin. Makedoncite pak, uste se vo letargija.
Од: Petre
Датум: 25.07.2009 10:08:25
problemot so Kipar i Severna Grcija - sega Makedonija e slicen po grckiot genocid; imeno grckite paravoeni i voeni sili na Grivas izvrsija genocid, ne vo toj kvantitet kako vo Srebrenica no sepak genocid; sega Grcija pomognata od EU saka da go ZATASKA toa isto kako i Genocidot nad Egejcite; razlikata e vo toa sto Turcija navleze so vojska da go zastiti svoeto nacionalno malcinstvo vo Kipar a Tito ne, bidejki Tito megu zemanjeto na teritorija -Istra (delot so Talijansko malcinstvo) i Egejska Makedonija go izbra prvoto, vo sklad so Jalta; no sepak e istoriska greska na SFRJ sto barem ne se zakani i da uslovi vlez na trupi na OOUN i da go spreci egzodusot
Од: Mitko
Датум: 25.07.2009 11:11:11
Tekstot e vo duhot na turskata politika, odnosno pro-turski. Za volja na vistinata, treba i da se naglasi deka Turcija go smeta Severen Kipar za del od svoja teritorija, dodeka, Juzen Kipar, koj e edinstveno megunarodono priznaen, e posebna drzava od Grcija, a ne del od grcka teritorija. Potoa, kakva politika e toa, edna vojska vrsi invazija, rasteruva naselenie, i posle 30 godini diskutirame za pomiruvanje, bilo sto bilo, da se obednini ostrovot. Dodeka Turcite go proterale celoto grcko naselenie od Severen kipar i donele Turci od Anadolija. E sega nekoj ce sporedi tuka so Egejska Makeodnija. Toa sto nasite Makeodnci stradale od Grcite ne treba da ni gi zamackuva ocite da opravduvame na drugo mesto kade sto Grcite stradale. Moze da se odi napred samo ako sekoja situacija se analizira posebno, ako sakas da si pravicen, no i da se nadevas na pravda. Inaku se zatvorame vo krug na omraza, odmazda, frustracija...
Од: redoven
Датум: 25.07.2009 14:35:02
Jas mislam deka vo Mitko makedonsko e samo imeto, akeo e vistinskoto. MOra da e vraboten vo grckata ambasada. Tekstot mu e naracan od nekogo - se gleda od avion. Jas moze samo da poracam deka Ukradenoto tesko se zadrzuva i ne se brani lesno.
Од: Dzani
Датум: 25.07.2009 15:16:17
Do navodniot Mitko Ocihledno ne se vikas Mitko, nekoj grk skrien pod toj pseudonim. Makedonija ima i ke ima problemi tokmu od vakvite navodni patrioti kako sto si ti. Covek treba da bide slepec pa da rezonira vaka. Baska sto nikogas ne si bil vo Kipar pa da ja vidis sostojbata na delo. Covek samo so golema omraza kako sto e slucajot so tebe moze da dade vakvi sudovi i zakljucoci. Ako tolku sakas da zivees so Grcite, granicata ti e otvorena bujrum slobodno odisi.
Од: Svedok
Датум: 25.07.2009 16:05:38
Komentarot na Mitko e 100% vistina.Edinstvenata rabota koja ne zasega nas Makedoncite vo vrska so kiparskiot problem e sto Grcija(koja sebesi se smeta za "MAJKA" na "detenceto" Kipar)so site sili gi podrzuva grckite Kiparcani za ova prasanje,koe veruvajte ne e za teritorii ili za podgotvenost na kiparskite Grci i Kiparskite Turci da ziveat zaedno,tuku Kiparskite Grci da si gi vratat imotite koi im se odzemeni od Turcite po invazijata i dadeni na Turci doneseni od Turcija(isto kako i imotite na proteranite Makedonci od Egejska Makedonija,odzemeni i dadeni na Grci doneseni od Mala Azija i naseleni na tie teritorii).So eden zbor,Grcija so godini igra dvojna igra-od edna strana pomagajki im na grckite Kiparcani za nivnite imoti,a od druga strana kompletno negiranje i ignoriranje na genocidot sto tie go storija vrz Makedoncite,pa odejki do tamu,sto kreiraa "problem za imeto" so cel za kompletno brisenje na SE Makedonsko. Viza mozes da izvadis i vo Grcija i vo Srbija.
Од: Tome
Датум: 25.07.2009 16:57:40
Za g-not Culev informacija za vizite,imeno Kipar go pokriva ambasadata na Kipar vo Srbija so vizi ,odnosno dokolku nekoj nas graganin saka da patuva vo Republika Kipar ,za viza ke mora da odi vo Belgrad ,a samata viza e kako i grckata na list hartija patem odnosot kon nas e vo zavisnost na kogo ke naidete ima i nacionalisti koj ne gledaat dobro na nas i nasiot problem so Grcija no za volja na vistinata ima i ludje koj go pocituvaat naseto pravo da se narekuvame makedonci
Од: sami_ilyas
Датум: 26.07.2009 02:06:48
MITKO zal mie za tebe i za site ostanati koi mislat kako tebe. Ja osuduvas taa turcija koja na makedonija sekogas i pomaga. Tocno e deka pisuvas po naracka... Za kraj Mitko da znaes deka sekoj turcin se gordee so Turcija i Turskata vojska koja sekade i sekogas go brani svojot narod. Bez razlika dali se drzavjani na Turcija ili ne... Mesto da pisuvas izvini ama gluposti obidise da gi branis interesite na Makedonija i Makedonskiot narod. Pozdrav
Од: PP
Датум: 26.07.2009 02:22:03
sum bil na Kipar......viza vadis od Solun i toa dosta lesno, i dodeka bev na Kipar veruvajte mi slobodno si kazuvav deka sum od Makedonija........Nikozija na grcki se vika Lefkosija. Na funtite koi togas gi imaja se bese ispisano dvojazicno Grcko- Turski!!! kako i da e, ako si bil na Kipar vednas svakas deka ne e nitu grcki nitu Turski, neko e Britanska kolonija!!!

Најди! во Утрински
Насловна
Зденко
Ветар в грб
Препорака за датум - со вето или без вето
Тропска жега во Македонија
Нема трага од исчезнатото девојче од Дуње
Скопје да биде Скопје
Заложници на рејтинзите
Десната рака на Ставрески - државен секретар во Финансии
Клановска пресметка во десницата
Бесплатните учебници заплеткани во бирократски лавиринти
Каде застана судството