Број 3045  сабота, 25 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Тропска жега во Македонија

Високите температури ја зедоа првата жртва во Србија

Најтоплиот ден од ова лето ќе биде денеска, прогнозираат синоптичарите. Тропска жега се очекува во цела Македонија, а температурите би можеле да го поминат и 40. степен од Целзиусовата скала. Слично е времето и во балканските држави од кои неколку прогласија вонредни мерки. Високите температури во Србија ја однесоа првата жртва, 66-годишен маж почина на плажа на реката Сава во градот Шабац. Од недела се предвидува постепено заладување, а в понеделник намалување и нормализирање на температурите.

Поради претпазливост, властите во повеќе земји ги повикаа своите граѓани да не излегуваат од своите домови без потреба. Лекарите препорачуваат да се избегнува периодот меѓу 10 и 17 часот. Заштита од сонце треба да бидат капи, шешири и очила. Важно е да се пие многу вода, 2,5 литри дневно. Алкохол не се препорачува, а од листата треба да се симнат масни, пржени и зачинети јадења.

Властите во Грција вчера објавија вонредни мерки поради неподносливи горештини кои метеоролозите ги најавија за следните три дена, како и зголемена опасност од пожари. Се очекува уривање рекорди во температурите, кои ќе достигнат 43 степени. И во Романија е објавена тревога во 32 реона во источниот и во западниот дел на земјата поради високите температури.

Српските метеоролози очекуваат температури до 42 степена. На различни места во Белград ќе бидат поставени цистерни со вода. Голем шумски пожар избувна на рид во близина на турското летувалиште Бодрум. Постои опасност од повторно ширење на пожарот, затоа што се очекуваат температура и до 40 степени. (Д.Р.)

Web Update

23:00, 25.07 - Денеска во Македонија се измерени највисоките температури досега годинава, а според метеоролозите од утре се очекува пад на температурите и до 10 степени.

Сончево и многу топло време се задржува денеска на целата територија на Македонија со температура околу 40 степени.

Според УХМР во 14 часот во Гевгелија се измерени 40 степени, во Штип 39,3, во Битола 38, во Скопје 36, во Охрид 34, а во Маврово 30 степени.

Се очекува во текот на ноќта да дува засилен северен ветер, кој во недела ќе донесе значителен пад на дневните температури.

Според метеороло��ите времето утре ќе биде сончево но ветровито со температура од 25 до 34 степени. Во Скопје и околината температурата ќе достигне 28 степени. (Макфакс)


#
Статијата е прочитана 1392 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Саде кафе на Ледра стрит во Кипар
Зденко
Ветар в грб
Препорака за датум - со вето или без вето
Нема трага од исчезнатото девојче од Дуње
Скопје да биде Скопје
Заложници на рејтинзите
Десната рака на Ставрески - државен секретар во Финансии
Клановска пресметка во десницата
Бесплатните учебници заплеткани во бирократски лавиринти
Каде застана судството