Број 3432  понеделник, 15 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
Култура

Стоечки овации во Карнеги хол за Симон Трпчески

Стоечки овации доби нашиот пијанист Симон Трпчески, на деби настапот во една од најпрестижните светски концертни сали – њујоршкиот Карнеги хол. Добитната комбинација на нашиот пијанист, светската диригентка број еден, Марин Олсоп и носителот на „Греми“ – Балтиморскиот симфониски оркестар, ја кренаа на нозе пребирливата публика во Карнеги хол, изведувајќи го Концертот за пијано и оркестар бр. 3 од Сергеј Прокофјев.

Диригентката Ослоп изјави дека го поканила Симон за сите нејзини специјални изведби. „Тој го направи своето деби со мене и во амстердамската сала ’Концертгебау‘ со тамошниот оркестар. Знаев дека ова ќе биде негово деби во Карнеги хол и го поканив бидејќи сметам дека е феноменален пијанист, прекрасен музичар со големо човечко срце. Вечерва свиреше како што очекував, спектакуларно“, оцени Марин Олсоп.

Возбудата и задоволството од одличниот прием не ги криеше ни пијанистот Трпчески, кому се' уште не му се верува дека го имал своето деби во Карнеги хол. „Бев почестен од поканата на Балтиморскиот симфониски оркестар и нивниот шеф-диригент Марин Олсоп, да настапам со нив во оваа сала. По двата навистина успешни настапа во Балтимор, ова беше убаво заокружување на концертната серија. Салата беше распродадена и морам да кажам дека чувството е прекрасно, бидејќи се работи за една од најубавите и најпрестижни концертни сали во светот. Во секој случај дадов се од себе во изведбата на еден толку комплициран концерт, каков што е третиот на Прокофјев. Навистина сум пријатно изненаден, особено од фактот што ретко се случуваат стоечки овации од публика, која има можност буквално постојано да го слуша најдоброто од најдоброто. Ова е незаборавен момент од мојот живот, што ќе ме мотивира и понатаму да се трудам да го повторам ваквото чувство кај публиката, која практично ми се поклони на нозе“, истакна возбудено Симон Трпчески.

На концертот присуствуваа и министерката за култура Елизабета Канческа - Милевска и нашиот амбасадор во САД, Зоран Јолевски. Министерката Канческа - Милевска изјави дека особено и е мило што концертот бил толку успешен, со големи овации во преполната сала. Таа додаде дека на концертот се надоврзаа и отворањето на големата изложба од 90 дела на уметницата Вана Урошевиќ во Македонскиот културен центар, како и концертот на Четкар во нашата амбасада во Вашингтон, кој се одржа по повод празникот на благодарноста. „Сметам дека овие нек��лку денови имавме навистина успешна презентација на македонската култура и творештво во Соединетите американски држави“, изјави Канческа - Милевска.

Следна концертна дестинација на Симон Трпчески е Универзитетот во Чикаго, закажано на 19 ноември. Пред тоа, Трпчески заминува за Париз каде што ќе присуствува на свеченото доделување на престижните француски музички награди „Златен дијапазон“, за кои е номиниран со својот прв оркестарски компакт диск. (К.Р.)


#
Статијата е прочитана 1371 пати.

Испрати коментар

Од: Петар Трајков
Датум: 15.11.2010 12:22:16
БРАВО МАЕСТРО
Од: Martin
Датум: 15.11.2010 12:56:55
Браво Маестро Симон Трпчевски, Со Вашите извонредно успешни светски настапи, претставувате наша голема македонска гордост и амбасадор на македонската култура. Секоја почит за Вашиот талент и Вашата личност. Најискрени желби за понатамошни успеси.
Од: Бато
Датум: 15.11.2010 18:11:48
Секоја чест Маестро Трпчевски !Среќна е таа земја што те има ,и што секаде во светот нашата земја ја представуваш достојно и со своите маестрални изведби ја вивнуваш на врвот на славата!Уште еднаш едно големо Благодарам од името на сите граѓани .Со овации ја представуваш твојата и наша татковина и сите нас не правиш горди со твоите успеси.Да си жив и здрав со твоето семејство и уште долги години да ни ги полниш срцата со гордост и радост.Бравоооооо!
Од: redovna citatelka
Датум: 15.11.2010 18:36:00
Честитки за Симон и желби за уште поголеми успеси!
Од: Што бара министерката во САД?
Датум: 15.11.2010 21:03:35
Министерката Канческа е голем расипник на народните пари! Што бара таа во САД? Таа се однесува како поп кој ги „осветува“ културните манифестации на македонските културни дејци во странство и се однесува како нивните успеси да се нејзина заслуга!? Господе прости и, таа не знае што прави! По нејзината логика на концертите на Мадона по светот треба да присуствува и американскиот министер за култура (доколку воопшто го има)!? Треба дефинитивно да се стави крај на расипништвото на оваа министерка!
Од: Silvester, Sidnej
Датум: 16.11.2010 00:18:21
Golem muzicar...Golem Makedonec. Najgolem vo momentov. Lugeto vo Makedonija nemozat da zamislat kolkav e uspehot da sviris vo Carnegy Hall vo New York. Da dobies ovacii od vakva publika......Simon ti si golem.
Од: Andon Doncevski
Датум: 16.11.2010 09:42:32
Mone Srdecni Cestitki Nasa Gordost Radosti za Lara i Daniela Cestitki na Netka, Zana i Jovance Prodolzi da ja velicas Makedonija cicko Donco

Најди! во Утрински
Култура
„Почесна стрелба“ се' уште нишани в небо
Романскиот „Кога сакам да свиркам, ќе свиркам“ на „Синедејс“
Македонија има огромно културно и народно богатство
Кавадарци доби историски речник
 


New Hungarian media law proves controversial
Opposition calls for early elections in Macedonia
Croatian to become 24th EU language