Број 3432  понеделник, 15 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
Култура

Кавадарци доби историски речник

Кавадарци доби „Кавадаречки историски речник“, дело на Петре Камчевски, кое својата промоција ја имаше пред претставници од локална самоуправа, советници, просветни работници, историчари, луѓе од Македонската православна црква и обични граѓани.

Ова дело во себе содржи материјал од областа на нашето блиско и подалечно минато, археологија, цркви, манастири, личности, настани, странски патеписци. Тоа бил долг период работа и вложување на авторот за градот на добие нешто вредно, нешто во кое секој ќе се најде или ќе се препознае на каков било начин. „Кавадаречки историски речник“, слободно можеме да кажеме, дека е одлично спакуван сублимат на се' што работел досега авторот.

„Станува збор за скапоцено дело, со кое Кавадарци повторно културно ќе се одвои од другите. Ваквите настани со историско значење, би требало да се интересни и значајни за сите што имаат почит спрема себе и спрема своите корени,“ беше речено, меѓу другото, на промоцијата која се одржа како дел од манифестацијата „Кавадарци - град на културата“.

Со промоцијата на речникот, беше одбележан и двоен јубилеј на Камчевски, 30 години работа и 15. издадено дело. „За Петре Камчевски може да се зборува многу, но сметам дека за него доволно говори круната на неговата работа, овој историски речник,“ истакна во својот говор неговиот колега, историчар и виш кустос Васил Кимов.

Професор д-р Тодор Чепреганов нагласи дека Кавадарци има еден од ретките продуктивни историчари, а сега благодарение на него, градот го има и својот незаборав. „Книгата мириса на патина на минати и сегашни времиња, мислам дека останатите градови сигурно ќе бидат љубоморни на Кавадарци“ , додаде на крајот проф. Чепреганов.

„Малкумина се нафаќаат да пишуваат вакви книги. Камчевски го прифати предизвикот и не згреши“, констатира проф. д-р Марко Китевски. А за идејата по која настана речникот зборуваше самиот автор. „Кавадаречки историски речник“ е финансиски поддржан од Министерството за култура. (А.Д.)


#
Статијата е прочитана 541 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
Стоечки овации во Карнеги хол за Симон Трпчески
„Почесна стрелба“ се' уште нишани в небо
Романскиот „Кога сакам да свиркам, ќе свиркам“ на „Синедејс“
Македонија има огромно културно и народно богатство






Parvanov's new project upsets former Socialist colleagues
Mounting pressure to end Macedonian negotiations with Greece
No control mechanism for Croatia after EU entry