Број 3357  петок, 13 август 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter
Култура

Квартет виолончела „Растрели“ во „Св. Софија“

На „Охридско лето“ вечерва во 21 часот, во црквата „Св Софија“ концерт ќе одржи квартетот виолончела „Растрели“, кој го сочинуваат музичарите: Кира Кравцов, Кирил Тимофеев, Миша Дегтјарев и Серџо Драбкин

Овој уникатен ансамбл ја воодушевува публиката со своите нетрадиционални програми од 2002 година кога е и основан. Неговите членови го формирале со мисија да изведуваат музика „помеѓу жанрови“ така да широк репертоар им содржи дела од Бах, Фрескобалди и Дворжак, до дела на Џорџ Гершвин, Дејв Брубек и Чик Кореја.

Името на квартетот доаѓа од архитектот Бартоломју Растрели, кој живеел во 18-от век и го проектирал „Ермитаж“ во Санкт Петербург, роден град на тројцата од членовите на квартетот.

Квартетот „Растрели“ досега настапувал во многу значајни европски концертни сали: „Гастајг“ во Минхен, салата ��а Филхармонијата на Санкт Петербург, во салата „Бугарија“ во Софија, „Лидерхале“ во Штутгарт и филхармониската сала во Минск. (К.Б.)


#
Статијата е прочитана 140 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
„Браќа Манаки“ отвора нова страница
Татковината на операта пред банкрот
Во Карпош стартува третото „Културно лето“
Македонска поезија вечерва на Канео