Број 3423  четврток, 04 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
На прво место

Ангелов прекомандуван во „двојка“

Претседателот на „Достоинство“, Стојанче Ангелов, повторно се жали на притисоци од МВР, односно дека членови на Здружението парично се казнуваат за да се замолчат. Полицаецот Ѓорѓи Николов од Кочани деновиве бил казнет со 15 проценти од платата во траење од шест месеци. Тоа му е втора казна.

„Ова е директна атака врз членовите на ’Достоинство‘. Но, никој нема да не' замолчи“, изјави вчера Ангелов. Тој соопшти дека колегите од Кочани се солидаризирале со Ѓорѓи и дека ќе собираат средства за да му ги надоместат парите што ќе му бидат одземани шест месеци. Ангелов праша дали ваквата казна е награда за Николов, кој во конфликтот во 2001 година ја бранеше Македонија. Ангелов додаде и дека казнетиот полицаец, за 30 години работен стаж, бил преместен да биде позорникар во ромската населба.

„И мене минатата недела ми дадоа задача да се возам во автобус на ЈСП број 2 и да внимавам да нема инциденти меѓу малолетници. Јасно е што значи тоа за мене“, истакна Ангелов.

Од МВР стигна реакција дека дисциплинските комисии на МВР постапуваат согласно со законот. „Воведувањето на принципот на одговорност за сопствените постапки подразбира неселективност, без разлика дали станува збор за член на некое здружение ’Достоинство’. Впрочем, и лидерот на Здружението не беше обвинет и осуден поради неговата улога во Здружението, туку поради сторено кривично дело“, стои во реакцијата на МВР. (Св.У.)


#
Статијата е прочитана 1554 пати.

Испрати коментар

Од: јас
Датум: 04.11.2010 15:34:27
Издржете !!! Ќе им дојде крајот на овие мивки!!
Од: todor
Датум: 04.11.2010 16:06:36
Само храбро Стојанче, ќе ги снема и овие бугарофили и п....
Од: od seriozen
Датум: 04.11.2010 20:47:19
Sojance uste malce ovie ke odat jabana

Најди! во Утрински
На прво место
Петровски
Тачи не се плаши, ама се чува
И Кесковски го напушти Бошкоски
ДУИ






Bulgaria and Russia expected to sign gas pipe agreement
One third of cigarettes in Bulgaria are 'illegal'
Falling credit rating reveals Croatia's economic crisis