Број 3423  четврток, 04 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
На прво место

Тачи не се плаши, ама се чува

ДПА ќе бара вештачења на досиејата

Светлана Унковска


Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, и професорот од Тетово, Шпенд Љуши, кој откри досиеја во дворот, се први на листата за тужби што ја најави ДУИ, по завчерашната седница на Централното претседателство. Министерот за локална самоуправа, Муса Џафери, на кого, наводно, се однесуваше досието под псевдонимот „Мама“, во изјава за „Утрински весник“ вели дека веќе се ангажирал за собирање на сите потребни документи и докази, кои, заедно со тужбата, ќе ги достави не само до македонските судови, туку и до европските.

„Веќе собираме факти за тужбите што нема да ги поднесеме само индивидуално, туку и како функционери на Собранието и на Владата. Ќе ги доставиме пријавите и до нашите судови, но и до Судот за човекови права во Стразбур, поради нарушување личен интегритет.

Ќе се обратиме и до надлежните институции во ЕУ и до Советот на Европа поради фалсификување документи“, вели Џафери. Тој вели дека прво ќе бараат пред македонските судови да одговара професорот Љуши, зашто, како што наведува, ја манипулирал јавноста.

„Тачи ќе го тужиме поради изјавата дека застанува зад тврдењето и поради неговите оцени дека тоа се вистински документи. Јас ги архивирам сите тие работи и ќе биде поведен процес преку институциите на Европската комисија и Советот на Европа за политичкиот аспект на овие оцени“, додава Џафери.

Иако тврди дека атмосферата во ДУИ е добра, оти сега се посилни и последните случувања ги натерале уште повеќе да се мобилизираат. Но, тој не можеше да ја скрие нервозата во однос на прашањето зошто членовите на раководството на ДУИ дури сега прв пат седнуваат да си погледнат в очи и да го отворат ова прашање. „Како ќе работиме и каква стратегија ќе имаме е наша легитимна работа и, на крајот на краиштата, ние одлучуваме колку често ќе комуницираме. Мислим дека не е потребно да разговараме за тоа“, ни рече Џафери.

Од опозициската ДПА, пак, велат дека не се загрижени поради најавите за тужби од ДУИ. Функционер на ДПА вели дека многу би сакале да видат кого и за што ќе тужи ДУИ, особено откако Комисијата за лустрација оцени дека досиејата се фотокопија, а не дека се фалсификат. Од партијата на Тачи ќе барале вештачење на досиејата за докажување на веродостојноста.

„ДУИ најави дека ќе излезат на суд, но не знам дали ќе имаат храброст за тоа. Најверојатно ќе се проценат дека е можно ние да побараме експертиза и вештачење на досиејата. А, ако тоа тргне, не ќе имаат смелост да го прекинат процесот“, велат извори од ДПА.

Дека односите меѓу двете ривалски партии се заострени говорат и информациите оти обезбедувањето околу Тачи е кренато на повисоко ниво, откако досиејата излегоа во јавност. Од неговата партија не сакаа да потврдат дека нивниот лидер има засилено обезбедување, но и не демантираат. „Не постои страв, но ќе видиме како тие натаму ќе ја манифестираат нервозата. Добро е што во последно време се воздржуваат да не не' спомнуваат нас како партија, воедно и лидерот Тачи, дека сме фабрикувале досиеја, бидејќи ќе се соочат со тужби за клевета“, велат од ДПА. (Св.У.)


#
Статијата е прочитана 3526 пати.

Испрати коментар

Од: ?!
Датум: 04.11.2010 13:40:36
Па нормално.Кој си ја започна и нека си ја доврши лустрацијата.А комисијара за лустрација ќе лустрира само оного,кој ќе си земе за право да се меша во нивната работа.Каква семакедонско-граѓанска,специјалистичка дијагноза и терапија на промајата врз нашите глави.А каква ли промаја ќе биде онаја која би следела во чисто безграѓанската.Од неа за сигурно сите ќе излеземе грипосани.
Од: Ne mora da si razuznavac za da vidis sto e sto~!
Датум: 04.11.2010 14:03:29
Razuznavacite ( i nivnite sluzbi) koristat informacii koi gi proveruvaat samite, a ne javno preku "specijalizirani sluzbi ili servisi za verodostojnost! Toa e poveke od jasno. Ako doticnite ne bile sorabotnici i del od sprega (kako sto veli onoj gospodinot od sindikatite), togas kako toa se izvlekoa so amnestija i bez Hag da gi goni za zlostori proitv covestvoto na ist nacin kako nivnite kosovski kolegi. Za Haradinaj prvo se poceka da bidat eliminirani site svedoci prtiv nego (se sekavate na serijata ubistva) pa posle go "povikaa vo Hag" (kolku za primer). I ne e jasno kako toa nitu eden od klikata da ne odgovara za nisto, a od druga strana Makedoncite da bidat izvedeni pred tribunal vo Hag i kako i Tarculovski da cmaat vo zatvor...dodeka sorabotnicite ( na koi li se sluzbi vnatre i nadvor) sedat vo Parlamentot na R.Makedonija? Za ova Taci ima poddrska!
Од: fimka
Датум: 04.11.2010 14:53:32
Samo Taci e politicar so integritet,nakraj ako sakate i vistinski MAZ.Jas sum Makedonka,no mu se voshituvam na hrabrosta i principite koi gi brani.Edinstven albanski politicar koj uste 2006 godina rece deka albancite treba da im se izvinat na makedoncite za 2001.Go nema glasot na Makedonskite intelektualci za ovoj skandal,osven novinarite,Akademijata treba da odi vo stecaj,sramota e zosto trosat drzavni pari,aram da i se.Bravo Taci,ti ke bides zapisan vo Makedonskata istorija .
Од: Амар
Датум: 04.11.2010 18:02:17
Двајца (Албанци) се караат - третиот (Македонец) од тоа не ќари. Третиот, на крајот ќе биде крив што, наводно, ги скарал.

Најди! во Утрински
На прво место
Петровски
И Кесковски го напушти Бошкоски
Ангелов прекомандуван во „двојка“
ДУИ






Bulgaria and Russia expected to sign gas pipe agreement
One third of cigarettes in Bulgaria are 'illegal'
Falling credit rating reveals Croatia's economic crisis