Број 3423  четврток, 04 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
На прво место

ДУИ: Досиејата се напад врз сите Албанци

ТЕТОВО - „Ова не е само напад врз ДУИ, туку и врз политичкиот и општествениот идентитет и интегритет на Албанците во Македонија“, заклучило Централното претседателство на ДУИ, на завчерашната седница, на која се разгледувале состојбите околу лустрацијата.

Според потпретседателката на ДУИ, Теута Арифи, наводните досиеја за функционери на ДУИ се лиферувале на начин што е многу опасен, особено ако се има предвид дека приоритет на политичкиот ангажман во земјата треба да бидат евроатлантските интеграции. „Ова се прави од центри што не и' мислат добро на Македонија“, истакна таа.

Во ДУИ сметаат дека фалсификатори на досиеја ги напаѓаат претседателот и членови на претседателството на партијата, со што се влијае и врз стабилноста во Македонија и во регионот.

„Една од опциите е кривично гонење на оние што шират невистини. Овие напади не се приватна или лична работа, туку треба пошироко да се третираат. Затоа посветивме многу внимание и ги разгледуваме сите опции за официјално дејствување на нашата партија“, рече Арифи.

Таа најави посебна седница на Централното претседателство за пописот. „Ќе ги следиме сите реакции и врз основа на тоа ќе заземеме став и ќе градиме политички одговор. За нас е битно пописот да биде в ред, да нема поплаки и да биде прифатен од сите граѓани. Веќе разгледуваме одредени појави. Не е в ред да се прават паралелни пописи, кога тој процес официјално се одвива во државата“, објасни Арифи. (Г. Е.)


#
Статијата е прочитана 757 пати.

Испрати коментар

Од: udba sudba
Датум: 04.11.2010 12:38:42
Trebase porano da izlezete od vlada i da go turnete portokolaviov. sega se cudite, pa nema ni nie samo da cekame. dosta so koalicija vo nenaroden rezim. vreme e 15 septemvri pak da se povtori.
Од: gimce
Датум: 04.11.2010 14:26:50
sega koga mu prigusti na DUI, se povikuvaat na site albanci, a celo vreme se odnesuvaat kako od nebo da se padnati. Za edno rabotno mesto vo konkursi po ramkovna kvota baraa i po 3.000 Evra. Samo pretsedatelot Ali Ahmeti e covek od doverba vo DUI, za drugite ne znam ..
Од: Тоше
Датум: 04.11.2010 15:32:58
Е да де! Сега заради неколку кодоши во вашите редови за кои немате стискавец да си признаете, ќе барате заштита од сите Албанци. Срамота

Најди! во Утрински
На прво место
Петровски
Тачи не се плаши, ама се чува
И Кесковски го напушти Бошкоски
Ангелов прекомандуван во „двојка“






Bulgaria and Russia expected to sign gas pipe agreement
One third of cigarettes in Bulgaria are 'illegal'
Falling credit rating reveals Croatia's economic crisis