Број 3261  понеделник, 19 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Култура

Ирвинг Пен: Фотограф што знаеше да ги извади маските

Во Лондонската национална галерија за портрети се прикажани 120 дела на Пен

„Добра фотографија е онаа која комуницира со фактите, го допира срцето и гледачот го претвора во сосема друга личност откако ќе ја погледне. Едноставно таа остава впечаток“, рече во една пригода Ирвинг Пен, еден од најважните фотографи на минатиот век. Изложбата на неговите портрети беше отворена минатата недела во Националната галерија за портрети во Лондон.

„Ова е мошне возбудлив настан, вели Магдалена Кини, кустос на изложбата. Од осумдесеттите години, потенцира Кини, не била поставена вака голема изложба на делата на Ирвинг Пен во Лондон. Изложените портрети ја покажуваат неверојатно софистицираната работа и уникатноста на која Пен го користи светлото и просторот“.

Американскиот фотограф Ирвинг Пен, почина минатата година на 92 годишна возраст. Се прослави со портретите, особено оние на славните личности. Пен беше често пред своето време така што некои негови фотографии станаа ценети дури откако беа направени. На Лондонската изложба се прикажани 120 портрети. Некои од нив се работени во 1944 година, во времето кога авторот ја почнувал својата кариера во магазинот „Вог“, но има и од последните дела со кои се заокружува неговата седумдесетгодишна кариера. Посетителите на лондонската изложба имаа прилика да ги видат одличните портрети на Пабло Пикасо, Марлен Дитрих, Едит Пјаф, Ал Пачино, Грејс Кели, Одри Хепберн, Ив Сен Лорен, Кристијан Диор и многу други. Но, сите дела имаат една заедничка особина - изразен е карактерот на личноста на фотографијата.

Кустосот Магдалена Кини истакнува дека Пен имал исклучителен талент за препознавање на карактери. „Некои негови портрети критичарите воопшто не ги разбираат и ги сметаат за немилосрдни“, вели таа. Но, напротив, Пен во своите портрети го засилува интензитетот и се поврзува со своите модели. Тие стануваат едно“, подвлекува Кини. За познатиот портрет на актерката Никол Кидман, авторот рекол: „Кога Никол ќе го види овој портрет, ќе помисли дека ја обожавам и ќе биде во право- ја обожавам!“

„Воопшто не е важно што фотографирате, секоја фотографија може да претставува уметничко дело ако знаете што правите. Кога работев портрети се обидував од луѓето што ми позираа да добијам став“, рече во една прилика Ирвинг Пен. „Формулата, тврди славниот фотограф, е единствена-Треба да се исцрпи моделот со позирање од повеќе часа, да направите се да станат преуморни за да мислат на тоа како изгледаат. Во тој миг маските паѓаат и имате можност за добра фотографија“, појаснува Пен. Грешката што многумина од моите колеги ја прават е тоа што на моделите им посветуваат многу внимание. А, всушност тие се неважни. Ако правите фотографија за модно списание, направете се да извлечете максимум. Но, личноста што постојано треба да ви биде на ум е некој имагинарен читател. Да речеме некоја жена во Канзас која чита „Вог“. Важно е неа да ја заинтригирате“, сметаше Пен. (Н.П.)


#
Статијата е прочитана 183 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
Нов рекорд на Никита Михалков
ИКОМОС го одбележа Денот на светското наследство
„Илустрираната Библија“ - најскапа книга на Саемот