Број 3029  вторник, 07 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Скопје

Спомен-домот на „Мајка Тереза“ се осигура од дожд

Скелињата на Спомен-домот на Мајка Тереза, кои речиси две недели го нагрдуваа новоизградениот објект, ќе бидат отстранети денеска, најави вчера Рената Здравковска, директорка на Спомен-домот. Во изминативе две недели тие биле монтирани заради завршување на системот за разладување и вентилација во објектот, а истовремено се доградувале и олуци. Според Здравковска, овие активностите биле неопходни, бидејќи по изградбата на објектот апаратурата за разладување не била врзана во системот, додека по зачестените поројни дождови, пак, надлежните утврдиле дека изградените олуци немале капацитет да го заштитат објектот од силни врнежи.

„Постојните олуци беа малку, неопходно беше да се доизградат нови, дополнителни три-четири за одвод на дождовницата. Поради тоа, беше поставено големото скеле. Истовремено, екипите на ‘Гранит‘ работеа и на поврзување на апаратурата за разладување на капелата и останатиот простор во објектот. Денеска се отстранија дел од скелињата, а изведувачот ни најави дека тие утре ќе бидат отстранети во целост“, ни изјави вчера Здравковска. (Дс.Т.)


Статијата е прочитана 590 пати.

Испрати коментар

Од: Od Orce -AUSTRALIJA
Датум: 07.07.2009 06:41:44
Ostanuvam bez zborovi ubafa fotografija ,kako i Spomen -Domot na Majaka Teraza.POZZ - ORCE
Од: Ајван Доктор
Датум: 07.07.2009 11:30:13
Објектот и онака (како и Кичфигурините) Штрчи како Чир, на местото каде што е поставен! Лошо обработена Мешавина од неколку стилови („чуда“ невидени), кои никогаш нема да бидат Целина! Воопшто не зачудува вообичаената постапка: да се изгради, па потоа, набргу, да се поправа, доправа, гради, доградува... А, шоферите астраљиски... - воодушевени... и без зборови за Domot na Majaka Teraza!
Од: suze
Датум: 07.07.2009 14:35:45
Човек да се запраша дали е чудовиштето од зграда поубаво со или без скелиња. Само во Македонија може да се „наштима“ конкурс и да се избере ваков архитектонски франкенштајн. Ке бидеме туристичка дестинација за кич туризам каде ќе се изучува како не треба да се гради и решава градскиот простор
Од: 0911
Датум: 07.07.2009 16:28:26
Spomen Domot e arhitektonska katastrofa ! Bljak !

Најди! во Утрински
Скопје
Јакимовски ja бара бившата американска амбасада
Колектор за спас на клучката „Континентал“ од поплави
Трајановски е за хуман третман на кучињата