ПРИНЦ МАЈКЛ ЏЕКСОН
Поп-иконата му ја пренел болеста на синот
Се чини дека најстариот син на Мајкл Џексон, 13-годишниот Принц Мајкл, исто како и својот татко има ретка кожна болест витилинго (леукодермија). Станува збор за за болест со која се доаѓа до намалување на меланин, пигментот, кој дава боја на кожата, косата и на очите.
Во 1993 година дерматологот на кралот на поп-музиката, д-р Арнолд Клејн, објави дека Мајкл боледува од витилинго, а деновиве додека Принц Џексон се капел за време на својот одмор на Хаваите, папараците на неговиот грб забележале голем бел круг, кој видно се проширува низ целото тело.
Многумина ова го протолкуваа како уште еден доказ дека починатата поп-икона навистина е биолошкиот татко на Принц Мајкл. Долги години татковството на Џексон се доведуваше во прашање, најмногу зашто неговите деца имаа различна нијанса на бојата на кожата. „Ова уште еднаш и засекогаш докажува дека Мајкл е вистинскиот татко“, изјави за американските медиуми извор близок до семејството Џексон. |