Број 3322  петок, 02 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter
Забава

МЕЛ ГИБСОН

Бившата девојка лажела за финансиската помош?

Јавните препукувања меѓу Мел Гибсон и неговата бивша девојка Оксана Григориева добија уште едно ново интересно продолжение. Откако фаталната Русинка изјави дека популарниот актер не и' давал воопшто финансиска помош, со која би ја издржувала нивната деветмесечна ќерка, сега повторно се јави адвокатот на Гибсон, тврдејќи дека актерот на својата бивша љубовница веќе и' дал неколку десетици илјади долари.

Парите, кои Мел и' ги пратил на Оксана, биле наменети за здравствено осигурување за нивната ќерка, изнајмување дадилка, луксузен стан и автомобил. „Мел великодушно ја поддржува малата Луција и има намера да продолжи со тоа и понатаму“, тврди адвокатот Стефан Колодни, додека Русинката изјавуваше пред медиумите дека живее со зајмени пари и кредитни картички.

„Премногу лаги се изнесени против мене во јавноста последните недели. Исто толку грешат кога кажуваат дека Мел ме остави зашто сум барала пари. Вистината е дека јас го напуштив него зашто сакав да го спасам своето дете и себеси“, рече Оксана.


#
Статијата е прочитана 1128 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Забава
Сочно бакнување со пријателката
Зурли, тапани и сите адети на Петровден
Бора Чорба во Каменица и во Пробиштип
Станав бизнисмен за да ја заштитам мојата уметност
Поп-иконата му ја пренел болеста на синот